18 книги кои треба да ги прочитате пред да излезат филмовите кои се базирани врз нив

Сподели

rn

Реклама

13. Девојката во возот (The Girl on the Train) – Пола Хокинс

rnНеодамна разведената Рејчел се вози со истиот воз секој ден и секој ден гледа во совршен пар кој појадува спроти неа. Но, еден ден ќе посведочи нешто шокантно и ќе го пријави истото во полиција, заплеткувајќи се себеси во мистерија што следува.rn

14. Повикот на чудовиштето (A Monster Calls) – Патрик Нес

rnМалку после полноќ, 13-годишниот Конор наоѓа чудовиште пред неговата соба. Но, тоа не е чудовиштето кое го очекува. Тој го очекувал неговиот кошмар, оној кој се појавувал скоро секоја вечер од моментот кога неговата мајка започнала со лекување од рак. Ова чудовиште е античко, диво и е во потрага по нешто многу опасно – вистината.rn

15. Инферно (Inferno) – Ден Браун

rnРоберт Ленгдон, професор по симболизам при Универзитетот Харвард, се буди во италијанска болница и не може да се сети на последните 36 часа од неговиот живот, вклучувајќи го и потеклото на злокобниот предмет скриен во неговите алишта. Том Хенкс повторно се враќа во светот на „Кодот на Да Винчи“.rn

16. Долгата прошетка на Били Лин на полувреме (Billy Lynn’s Long Halftime Walk) – Бен Фанутајн

rnТемната сатирична приказна ги следи преживеаните членовите на херојскиот Тим Браво низ една измачувачка епизода од медиумската „Победничка турнеја“ на стадионот во Тексас. Приказната се случува за време на војната во Ирак и го опишува различното поимање на војната во странство и во Америка.rn

17. Фантастични суштества и каде да ги најдете (Fantastic Beasts and Where to Find Them) – Њут Скамандер и Џ. К. Ролинг

rnСтанува збор за една од книгите кои Хари Потер ги читал во Хогвартс. Тоа е приказна за магичните суштества во светот на волшебниците. Филмот чие сценарио исто така го пишуваше Џ. К. Ролинг ги следи авантурите на писателот Њут Скамандер во Њујоршкото тајно друштво на вештерки и волшебници, 70 години пред Хари Потер да ја чита оваа книга.rn

18. Домот за необични деца на госпоѓа Перегрин (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children) – Рансом Ригс

rn16-годишниот Јакоб патува до далечен остров после семејната трагедија и таму ги открива урнатините од домот за необични деца на госпоѓа Перегрин. Истражувајќи ги, тој открива дека децата не биле само необични, туку и опасни, а веројатно и дека сѐ уште се живи.

Популарно

Може ќе ве интересира