Вкусот за кој се чека ред во Скопје: Редици граѓани за такосите и полнетите багети на All Day Tacos

Сподели

Скопје доби ново омилено street food место, а доказ за тоа се редиците граѓани кои сè почесто може да се забележат пред All Day Tacos.

Реклама

Локалот за кратко време стана хит меѓу љубителите на крцкава, сочна и богато сервирана храна, а најмногу се зборува за нивните такоси, полнети багети и сосови кои го заокружуваат целиот вкус.

Реклама

Главната ѕвезда на менито се, секако, такосите. Подготвени се во неколку варијанти – chicken chili, chicken classic, ground beef, mix, chicken nuggets и baby beef – со цени од 230 до 350 денари.

Богато полнети, топли, крцкави и со препознатливи сосови, тие се причината поради која многумина повторно се враќаат.

Реклама

Но, ништо помалку внимание не привлекуваат и полнетите багети, односно baguette сендвичите кои се вистински оброк сами по себе. Може да се нарачаат со chicken chili, chicken classic, ground beef, mix, tuna, chicken nuggets или baby beef, а цените се движат од 180 до 300 денари. Се работи за богато полнети багети со месо, додатоци и сосови, кои се служат топли и сочни.

Она по што All Day Tacos дополнително се издвојува се сосовите. Токму за нив најмногу се зборува меѓу гостите — кремасти, интензивни и совршено вклопени со такосите, багетите, помфритот и крцкавите порции.

Без разлика дали сте љубител на поблаг вкус, пикантна комбинација или класичен кремаст сос, овде сосовите се дел од искуството, а не само додаток.

 

На менито се наоѓаат и Krousty порциите, големи боул оброци кои чинат од 190 до 330 денари, во зависност од изборот на месо. Се подготвуваат со ориз, пилешко месо, Cordon Bleu пилешко, мелено мешано месо или рамстек, во комбинација со помфрит и сосови.

За оние што сакаат нешто крцкаво за споделување, тука се и порциите со пилешки крилца, chicken nuggets, onion rings, помфрит и комбо сосови. Порциите се големи, па подобро е да дојдете погладни од вообичаено.

Со препознатлив црвен ентериер, богато мени, пристапни цени и храна која изгледа подеднакво добро како што вкусува, All Day Tacos станува едно од најпопуларните места во Скопје за брз, но навистина заситен оброк.

Ако сте љубители на такоси, полнети багети и сосови што се паметат, ова е место кое дефинитивно треба да го ставите на вашата гастро листа.

Локалот работи секој ден од 10:00 до 02:00 часот во срцето на Чаир, а достава е достапна преку Wolt Македонија, како и преку сопствена достава.

Најново

Може ќе ве интересира