Многу луѓе имаат топли чувства кон нивната утринска шолја кафе. па зошто да не би ги искажале овие емоции со мал бакнеж на усните? Станува збор за капаче дизајнирано од страна на дизајнерот Јанг Ву-Сеок кое вклучува усни и нос – сè што е потребно од човечкото лице за пријатен бакнеж. На овој начин вие ќе можете да ја изразите вашата љубов кон кафето и да го бакнувате секое утро. Според Јанг, овие капачиња се забавни, но истовремено функционални дизајни, кои претставуваат симбол на урбаната култура и мода.
Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →


