Топли кафе напитоци за во зима

Сподели

Автор: Ивана Грујоска

Реклама

Да ве загреат и да ве расположат…

Топлите кафе пијалаци нудат одличен начин да се загреете во студените есенски или зимски денови. Можете да си направите само за себе или да направите доволно за да ги споделите со семејството и пријателите. Еве неколку рецепти за брзо и лесно да се стоплите во овие поларни денови.rn
rn

Ирско кафе (без алкохол)

rnПотребни состојки за 1 кафе:rn

    rn011

  • 250 мл топло инстант или филтер кафе
  • rn011

  • 1 супена лажица сируп од кафе со вкус на ирски крем
  • rn011

  • шлаг
  • rn

rnНачин на подготовка: Подгответе си го кафето како што најчесто го правите и додадете го сирупот од кафе со вкус на ирски крем. Декорирајте со шлаг.rn
rn

Кафе Грог

rnПотребни состојки за 6 кафиња:rn

    rn011

  • 750 мл инстант или филтер кафе
  • rn011

  • 125 мл  слатка павлака
  • rn011

  • 220 г кафеав шеќер
  • rn011

  • 2  супени лажици путер, омекнат
  • rn011

  • 1/4 лажиче каранфилче, мелено
  • rn011

  • 1/4 лажиче морско оревче, мелено
  • rn011

  • 1/4 лажиче цимет
  • rn

rnНачин на подготовка: Измешајте ги путерот, шеќерот, каранфилчето, морското оревче и циметот во помал сад. Потоа, во друг поголем сад измешајте ги кафето и павлаката. Во садот со кафето и павлаката, додадете ги состојките од помалиот сад, убаво измешајте и послужете во 6 стаклени чаши.rn
rn

Кафе Бело чоколадо

rnПотребни состојки за 6 кафиња:rn

    rn011

  • 85 г бело чоколадо, исечкано
  • rn011

  • 250 мл млеко
  • rn011

  • 250 мл слатка павлака
  • rn011

  • 500 мл топло инстант или филтер кафе
  • rn011

  • шлаг
  • rn

rnНачин на подготовка: Млекото, слатката павлака и чоколадото ставете ги во метален сад и загрејте ги на пареа сè додека не се не се стопат и не се добие еднолична, хомогена смеса. Тргнете го садот од огнот, додадете го кафето и убаво промешајте. Сервирајте и декорирајте со шлаг.rn
rn

Кафе со јаворов сируп

rnПотребни состојки за 2 кафиња:rn

    rn011

  • 250 мл топло инстант или филтер кафе
  • rn011

  • 60 мл јаворов сируп
  • rn011

  • 125 мл млеко
  • rn011

  • 125 мл слатка павлака
  • rn011

  • шлаг
  • rn

rnНачин на подготовка: Млекото, слатката павлака и  сирупот ставете ги во метален сад и загрејте ги, но не оставајте ги да зовријат. Кафето распоредете го во две шолји и одозгора попарете ги со смесата. Декорирајте со шлаг.rn
rn

Шварцвалд

rnПотребни состојки за 6 кафиња:rn

    rn011

  • 1 л топло инстант или филтер кафе
  • rn011

  • 125 мл чоколаден сируп
  • rn011

  • 125 мл сок од марачино цреши
  • rn011

  • шлаг
  • rn011

  • чоколаден прелив
  • rn011

  • марачино цреши
  • rn

rnНачин на подготовка: Топлото кафе, чоколадниот сируп и сокот од марачино цреши ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Распоредете го миксот во 6 чаши и украсете со шлаг, чоколаден прелив и по една марачино цреша.rn
rn

Кафе-пунч со егног

rnПотребни состојки за 4 кафиња:rn

    rn011

  • 350 мл сладолед од кафе
  • rn011

  • 350 мл егног
  • rn011

  • 250 мл топло, силно инстант или филтер кафе
  • rn011

  • 4 супени лажици замрзнат шлаг, оставен малку да омекне
  • rn011

  • 4 прстофати мелено морско оревче
  • rn

rnНачин на подготовка: На тивок оган, во тава ставете го сладоледот да се растопи. Во неа додадете ги и кафето и егногот и оставете смесата убаво да се затопли. Распоредете ја смесата во четири чаши, а на врвот декорирајте со по една лажица од замрзнатиот шлаг и малку мелено морско оревче.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира