Бактериите се апсолутно насекаде и е невозможно да создадете стерилна средина за живот и работа, но барем можете да го промените она за кое сте лично одговорни.rnrn
rnrnПрофесорот по микробиологија од Универзитетот во Аризона, д-р Чарлс Герба, утврдил дека околу 90% од шолјите кои ги користиме во канцелариите, всушност се полни со бактерии, а 20% од нив имаат и фекални бактерии.rnrnСе поставува прашањето како тие стигнале таму и колку е пресуден човечкиот фактор за тоа.rnrnСе сомневаме дека луѓето ги оставаат на шолјите, а тоа се случува кога е нивното миење во прашање. Универзитетската студија укажува на тоа дека 1 од 5 шолји содржи микроби. Погледнете ја вашата канцеларија и веднаш отстранете ги сите валкани шолји, бидејќи тие се извор на зарази.rnrnД-р Герба вели дека за миење на шолјите во заедничката кујна, се користат сунѓери кои не се чистат редовно или пак се чистат неправилно и кои се покриени со неверојатен број на бактерии. Кога користиме такви сунѓери ние само додаваме бактерии, наместо да ги елиминираме.rn
„Ако баш не можете без овие напивки, тогаш својата шолја носете ја дома секојдневно и измијте ја во машина за садови или под млаз топла вода“, советува д-р Герба.
rnНо, дали сте вистински зависник од кафе? Доколку пиете 4 шолји кафе дневно, тогаш имаме добри вест за вас!