КАФЕ ПАУЗА

Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!

Новата студија спроведена од страна на шпанските научници покажала дека честото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од смрт.rnrn1-piete-chetiri-sholji-kafe-dnevno-imame-dobri-vesti-za-vas-www.kafepazua.mk_rnrnИстражувањето го презентирал Европскиот конгрес на кардиолози во Шпанија. Податоците покажуваат дека личностите кои дневно консумираат најмалку 4 шолји кафе имаат за 64% помал ризик од смрт во споредба со оние кои воопшто не консумираат кафе или многу ретко.rnrnВо истражувањето кое траело 10 години учествувале 20.000 испитаници.rnrnИсто така, личностите постари од 45 години имаат за 30% помал ризик од смрт доколку пиеле 2 дополнителни шолји кафе дневно.rnrnКардиологот на болницата во која е спроведено истражувањето, Адела Наваро изјавила дека 4 шолји дневно се совршената бројка. Ова истражување дало слични податоци како и двете претходно објавени истражувања во текот на оваа година кои укажуваат на тоа дека кафето позитивно делува на организмот.rnrnПрочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.