Елегантен десерт кој се јаде во друштво
Потребни состојки:rn
- rn011
- 115 грама горко или полублаго чоколадо, исечкано на парчиња
- 2 супени лажици несолен путер
- 1/2 кафена лажичка инстант еспресо
- 2 големи јајца
- 1/8 кафена лажичка вински камен (или цеден лимон)
- 3 супени лажици шеќер во прав
- 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
- 120 грама шлаг пена со повисока масленост
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка: Веднаш ставете сад со средна големина во замрзнувачот, ќе ви биде потребен подоцна за пената.rnrnВо сад со средна големина кој ќе го наместите над тенџере со вода која врие, стопете ги заедно чоколадото, путерот и еспресото. Штом состојките се стопат, тргнете го садот настрана и дозволете ѝ на мешавината да се олади неколку минути. Потоа додадете две жолчки и измешајте. Ставете го садот во фрижидер.rnrnВо друг сад со средна големина, со миксер на средна брзина матете ги белките со винскиот камен кој се користи за да се постигне поголем волумен. Доколку не можете да набавите вински камен, можете да го замените со иста количина сок од лимон (што може малку да го промени вкусот) или пак сосема да го изоставите. Матете додека смесата не стане пенеста. Потоа постепено додавајќи 2 лажици шеќер, зголемувајте ја брзината на миксерот и мешајте сè додека не се формира цврста пена, но сепак внимавајте белките да останат сјајни и да не се исушат.rnrnЗемете го садот од замрзнувачот и во него додадете ја шлаг пената, ванилата и останатиот шеќер и мешајте со миксер сè додека не се формира мека пена.rnrnИзвадете ја чоколадната мешавина од фрижидерот и ставете неколку лажици од мешавината со белките. Промешајте, а потоа нежно, додадете го и остатокот. Додадете ја и шлаг пената, но не мешајте, само превртувајте ја смесата со лажицата.rnrnЧоколадната еспресо пенеста крема може да се служи веднаш или да се чува во фрижидер за подоцна.rnrnРецептот е за 6 послужувања.
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
