rn
8. Портрет со водени боици
rnНаучете го овој метод што ќе ви помогне на лесен начин да сликате портрети. Не мора да бидете одлични уметници! Ова е подарок што дефинитивно нема да биде заборавен.rn
9. Кутија со огледало
rnСекогаш можете да им најдете различна примена на кутиите, особено на тие што се олку убави. Како да направите таква? Погледнете ги следниве инструкции.rn
10. Бомби за капење
rnМногу е лесно да се направат бомби за капење. Единственото нешто што ви треба се потребните состојки.rn
11. Крема за раце
rnСите луѓе би биле среќни кога би добиле ваков подарок, особено во зима. Кремите даваат влажност и ја заштитуваат кожата од ладното време.rn
12. Пилинг за тело
rnПилингот за тело е еден од наједноставните подароци што можете да ги направите сами. Состојките може да бидат различни, па така слободно може да правите комбинации по желба. Обидете се да го направите овој пилинг за тело со лимета, лубеница и малина или пак овој со лаванда и чај.rn
13. Интересен тефтер
rnАко не знаете што да подарите, одберете тефтер. На многу луѓе ќе им биде корисен овој подарок да почетокот од новата година. Купете го наједноставниот тефтер во продавницата и украсете го со панделки, бои, мрсни боици или плетки.rn
14. Календар
rnУпотребете ги фотографиите од социјалните мрежи на вашите блиски за да им направите уникатен подарок. Направете календар за новата година! На сите ќе им се допадне.rn
15. Слатко пакетче
rnНема да погрешите ако се одлучите за слатко пакетче спакувано во огромна тегла или кошничка. Можете да експериментирате со состојките што ќе ги ставите внатре. Пријателите и семејството сигурно ќе се израдуваат ако им ставите и чај или кафе.
Бидете целосно подготвени за празниците и завиткајте ги на креативен начин новогодишните подароци.

