Кафето е омилениот пијалак на многумина. Голем број луѓе не можат да го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Ако спаѓате во оваа група и ако навистина уживате во кафето, сигурно ќе се препознаете во овие знаци.rnrn
rn
1. Тоа е првото нешто на коешто помислувате откако ќе се разбудите
rnЕдвај ви се отворени очите, а веќе почнувате да го подготвувате вашето кафе. Пред вас гледате само полни шолји. Мора да се напиете веднаш.rn
2. Има способност да ви го промени целиот ден
rnГи знаете оние денови кога ништо не оди по план? Само што ќе помислите дека сè ќе тргне на лошо, се појавува кафето. Птиците продолжуваат да пеат, а облаците веќе не изгледаат толку мрачно. Кафето повторно ве спасило.rn
3. Чудно ви е кога некој повеќе сака чај
rnМожеби нема да кажете на глас, но кога некој ќе каже дека повеќе сака чај вие се чувствувате навредено. Едноставно не можете да ги сфатите овие луѓе.rn
4. Сите знаат колку многу сакате кафе
rnКако што вљубените зборуваат за нивниот партнер, така и вие не можете да престанете да зборувате за она што го сакате најмногу. Секогаш наоѓате начин да го спомнете кафето, макар и да дадете само мал коментар.rn
5. Знаете дека далечината зближува
rn…но тоа не значи дека сакате да го тестирате ова. Среќни сте со кафето и не сакате да се разделите од него.rn
6. Се чувствувате како да сте изневериле ако отидете во друга кафетерија
rnАко навистина сакате кафе, голема е веројатноста да имате и омилена кафетерија. А кога земате кафе од друго место, се чувствувате како да сте изневериле. Вие сте посветени на една кафетерија и на еден бренд кафе.rn
7. Потребно ви е
rnНе можете да го замислите вашиот ден без барем една шолја кафе и воопшто не ви е срам да го признаете ова. Можеби не ја сакате оваа врска, но потребна ви е. Се разбира, можете да ја прекинете кога сакате.rn
8. Аромата ве опушта
rnДали ве смирува мирисот на личноста што ја сакате? Истото го чувствувате и со кафето и знаете дека е многу подобро.rn
9. Помислувате на кафе кога слушате романтични песни
rnКафето постојано е во вашите мисли. Дури и романтичните песни ве тераат да помислите на него.rn
10. Не можете да се сетите на период без кафе
rnСигурно не сте пиеле кафе уште од мали, но за вас е бизарно да помислите дека имало период кога кафето не било важен дел од вашиот живот. Можеби звучи драматично, но вашиот живот се променил по првата шолја кафе.rnrnПрочитајте ги и овие неочекувани нешта што секој љубител на кафето би сакал да ги знае.
