10 луѓе се будат на остров без никакво сеќавање. Решени да го пронајдат патот до дома, тие откриваат дека нештата воопшто не се онака како што изгледаат.
rn
Главни улоги: Натали Мартинез, Кејт Босворт, Роналд ПитrnrnЖанр: авантура, драма, мистеријаrnrnКреатор: Антони СалтцерrnrnПремиера: 12 септември 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=GxpwiwOdMHkrnrnСтанува збор за кратка, лимитирана ТВ серија која раскажува мистериозна приказна за група луѓе кои ќе се разбудат на остров. Тие ги отвораат очите на рајско место, без да знаат како се нашле таму, ниту пак кои се. Изгледа дека сите страдаат од амнезија. Со оглед на тоа дека се облечени исто, дека не се повредени и дека нема никаков расфрлан багаж околу нив, лесно може да се заклучи дека тие не доживеале бродолом туку дека најверојатно некој ги донел таму. Но, зошто?rnrn
rnrnСо оглед на тоа што има само неколку снимени епизоди, дејството многу брзо се развива. Штом се постави прашање, скоро инстантно се добива одговор, но тој одговор пак, отвора барем три нови прашања. Главните ликови брзо ќе откријат дека островот воопшто не е рај како што изгледа и дека е полн со опасности и мистерии. Тие ќе мора да работат заедно да за сфатат што се случува, но и да ги надминат своите внатрешни пориви кои не секогаш ги покажуваат во најдобро светло.rnrn

