Луѓето кои веруваат во астрологија, сметаат дека поголемиот дел од нивните карактерни особини се предодредени од страна на нивниот хороскопски знак. Ова важи и за позитивните, но и за поморничавите страни на карактерот. Дознајте кои се вашите најморничави карактеристики според хороскопскиот знак…rnrn
rn
Овен
rnСилниот Овен секогаш размислува за смртта. Понекогаш станува збор за нивната смрт, а понекогаш за смртта на нивните сакани. Можеби ви звучи морничаво, но доколку сте родени во овој знак, сигурно знаете колку сте опседнати со смртта.rn
Бик
rnСигурно знаете колку се морничави Биковите доколку сте имале прилика да бидете во љубовна врска со нив. Не е важно дали сѐ уште ве сакаат или не, тие ќе продолжат да ве „демнат“ на социјалните мрежи. Припадниците на овој знак секогаш ќе ве надгледуваат. Нека не ве фрустрира ова, бидејќи оваа навика е во нивната природа и не можете ништо да сторите во врска со тоа.rn
Близнаци
rnБлизнаците се родени лажговци. Тие секогаш измислуваат приказни и ја раскажуваат нивната верзија на реалноста. Тие се толку вешти раскажувачи што навистина е тешко да не им се поверува, колку и да е нелогично тоа што го зборуваат.rn
Рак
rnРаковите многу ги сакаат нивните партнери, но ја преминуваат границата помеѓу љубовта и опсесијата. Тие се опседнуваат со секакви работи. На овој начин многу си го отежнуваат животот. Не им даваат простор на нивните партнери, поради што тие почнуваат да се чувствуваат како во затвор и врската страда.rn
Лав
rnЛавот е кралот на џунглата, но работите што е подготвен да ги направи за да покаже дека е најдобар се навистина страшни. Припадниците на овој знак сакаат да им докажат на сите дека никој не е подобар од нив. Лавовите сакаат да бидат обожувани и подготвени се да сторат сѐ за да ја постигнат целта. Опседнати се самите со себе и секогаш сакаат да го покажуваат својот авторитет. Тоа не им се допаѓа на многумина, но на Лавовите не им е гајле.rn
Девица
rnЗад нејзината смирена природа, Девицата крие тајни фетиши. Тоа е сосема во ред. Девиците не сакаат да ја изразуваат нивната сексуалност, но сонуваат за тоа да ја истражат. Не го откриваат тоа во врска со себе, бидејќи се срамат да разговараат за такви работи.rnrn
rn
Вага
rnВагите се многу љубопитни. Тие ги знаат најморничавите работи што постојат на светот. Не можат да им одолеат на видеата со одвратни содржини и секогаш кликаат на разните линкови што се појавуваат на Интернет. Вагите се запознаени со сите ужаси на планетава, но не практикуваат ниту еден од нив.rn
Скорпија
rnСите знаат дека Скорпиите се одмаздољубиви. Тие многу размислуваат и нивните мисли се мрачни. Припадниците на овој знак уживаат да сонуваат за брутални убиства. Тие секогаш си замислуваат како убиваат некого, без разлика дали жртвата е возрасен човек или дете.rn
Стрелец
rnСтрелците ги потиснуваат нивните емоции. Тие не чувствуваат ниту среќа ниту тага. Поминале низ толку многу работи, што ништо не им е повеќе важно. Многу се рамнодушни, без разлика што им се случува.rn
Јарец
rnНивната скромност крие многу мрачна страна. Јарците обожуваат да си замислуваат како ги убиваат нивните сакани. Сте се скарале со партнерот или партнерката? Фантазирате што би се случило кога би ги убиле. Ве изнервирал шефот на работа? Додека работите прекувремено, правите планови за убиство. Ваквите мисли ви предизвикуваат големо задоволство и возбуда.rn
Водолија
rnВодолиите не се толку мрачни како останатите знаци, но размислуваат за смртта. Поточно, тие размислуваат што би кажале на погребот на нивните сакани. Се прашувате каков говор би одржале кога би ви починал некој близок. Понекогаш знаете да фантазирате за овие настани со часови.rn
Риби
rnРибите сакаат да го освојат целиот свет. Тие се замислуваат како суперхерои. Веруваат дека по секоја критична ситуација се раѓа еден херој чии супермоќи ќе бидат откриени во случај на катастрофа. Фанатазирате дека сте херои и верувате дека ако дојде до некаква катастрофална несреќа, ќе откриете дека поседувате супермоќи и ќе го спасите светот.rnrnВо продолжение дознајте кои се 3-те најзлобни знаци.