Што навистина значи да се биде човек?
rn
Главни улоги: Ив-Џејн Вилис, Џема Чен, Том Гудман-ХилrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Сем Винсент, Џонатан БреклиrnrnПремиера: 14 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСо оглед на тоа колку брзо се развива технологијата, воопшто не е тешко да се замисли дека во иднина би можеле да имаме роботи кои наликуваат многу на своите креатори, луѓето, и кои би ни помагале во сите аспекти од нашиот живот. Токму тоа е и темата на оваа ТВ серија, која всушност е британска адаптација од популарната шведска серија „Real Humans“. Па, ако ви се допаднала таа, без сомнение ќе ви се допадне и оваа која се движи по истата основа.rnrn
rnrnНастаните се одвиваат во паралелна реалност, каде што Синтовите, чие име потекнува од „Synths“, односно „Synthetics“, што во буквален превод значи вештачки, се еден вид софистицирани роботи кои изгледаат, се однесуваат и зборуваат како луѓето. Нивната цел е да им го олеснат секојдневието на луѓето, така што ќе им помагаат со секојдневните домашни и работни обврски. И покрај тоа што мал број се против овие роботи слуги, поголемиот дел од нив ги прифаќаат во целост, па дури и ги сметаат за блиски пријатели.rnrn
rnrnНо, помеѓу овие роботи чие однесување е однапред програмирано, постои и мала група со свесност. Овие Синтови поради некоја причина можат да размислуваат сами за себе, но исто така можат и да чувствуваат. Всушност, единственото нешто по кое се разликуваат од вистинските луѓе се елементите од кои се составени. Токму поради својата уникатност, тие се секојдневно мета на група истражувачи кои сакаат да го прекинат нивното постоење. Оваа ТВ серија е една од оние кои ќе ве натераат да се запрашате и замислите што точно да значи да се биде човек, па токму тоа е и една од причините зошто нема да можете да престанете да ја гледате.rnrn

