Досиејата икс повторно се отвораат!
rn
Главни улоги: Џилијан Андерсон, Дејвид Дуковни, Мич ПилегиrnrnЖанр: мистерија, драма, научна фантастикаrnrnКреатор: Крис КартерrnrnПремиера: 24 јануари 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 44 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПовторното оживување на добро позната приказна за досиејата икс беше едно од најочекуваните ТВ настани за оваа година. Но, дали вредеше за чекањето? Ако нè прашувате нас, без сомнение. И покрај тоа што дел од критичарите имаа негативни коментари, сепак голем дел од вистинските фанови беа и повеќе од воодушевени. Зарем постои љубител на оваа ТВ серија кој не би сакал да ги види верникот Молдер (Дејвид Дуковни) и скептичната Скали (Џилијан Андерсон) како повторно, рамо до рамо, трагаат по вистината?rnrn
rnrnВо новата сезона, животните патишта на Молдер, кој сè е уште е бунтовник и Скали, која се вратила во светот на медицината, повторно се преплетуваат, водејќи нè до можеби најголемото и најзастрашувачкото откритие досега. Тие, како и секогаш порано, имаат уникатна топла хемија која едноставно ве тера да извикате „Бакни ја, будало!“ Но, светот околу нив е целосно променет. Во денешно време многу лесно можеме да најдеме карактери како Молдер, кој постојано зборуваат за теории на заговор, додека пак, оние скептичните, како Скали, скоро и да не постојат.rnrn
rnrnКако што се движи приказната, така откриваме и нов заговор кој изгледа целосно ќе го освои Молдер. Тој како да се врати во живот откако ќе открие дека сите тие години додека работел на досиејата икс нешто сосема друго се случувало во позадина. Нивната истраги биле само една голема лага за да се одвлече вниманието на луѓето од она што навистина се случува – а тоа е дека имаме поголем непријател од вонземјаните, непријател кој имал долго време да ги постави основите за освојување на светот. Што мислите, за кој станува збор?
