http://www.imdb.com/title/tt3475734/rn
Мини ТВ серија за животот на Пеги Картер по исчезнувањето на Капетан Америка
rn
Главни улоги: Хејли Атвел, Џејмс ДарсиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnКреатори: Кристофер Маркус, Стивен МекфилиrnrnПремиера: 06.01.2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко сте фан на работата на Марвел, особено на филмот „Капетан Америка“, тогаш оваа ТВ серија без сомнение ќе ве освои уште со првата епизода. Станува збор за животот на агентката Пеги Картер (Хејли Атвел) по исчезнувањето на Стив Роџерс.rnrn
rnrnТешко е да се биде жена во светот на мажите, особено во 1940-тите година. Картер, која е единствената жена во „Strategic Scientific Reserve“ постојано добива задачи како да е сечија секретарка. По нејзината голема улога во војната, таа сè уште не може да се адаптира на новиот живот и се чувствува како нејзиниот потенцијал да не е искористен. Токму затоа ќе прифати понуда која ќе ја врати назад во првите редови на „бојното поле“.rnrn
rnrnХауард Старк (Доминик Купер) е осомничен за продавање оружје на непријателот и изгледа дека случајот против него е прилично цврст. Токму затоа тој и Џарвис (Џејмс Дарси), неговиот батлер, ќе ѝ пристапат на Картер и ќе побараат нејзина помош. Хауард е убеден дека некој се обидува да го намести и ја замолува Картер да му помогне да го исчисти неговото име, но тоа да го стори тајно, без никој да открие. За да не биде сама, тој му вели на Џарвис да ѝ помогне во истрагата.rnrn
rnrnОваа мини ТВ серија ни овозможува да ја пополниме дупката помеѓу исчезнувањето на Капетан Америка и започнувањето на агенцијата „S.H.I.E.L.D“ преку очите на прекрасната и бестрашна Пеги Картер. Таа има одлична приказна, настаните се одвиваат прилично брзо, па токму затоа никогаш нема да ви биде здодевно, додека пак Џарвис воведува интересна и необична свежина, особено со неговиот однос кон жена му. На кратко, „Агентката Картер“ навистина вреди да се погледне!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
