КАФЕ ПАУЗА

Свиркачот (The Whistleblower)

Свиркачот (The Whistleblower)

Written by

in

,

Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени… но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакетrnrnSvirkachot (The Whistleblower)Режија: Лариса КондрацкиrnrnУлоги: Рејчел Вајс, Моника Белучи, Ванеса Редгрејв, Сергеј ТрифуновиќrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, босански, украинскиrnrnПремиера: 13 септември 2010rnrnЖанр: драма, биографијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnСтарата изрека „Вистината е во окото на набљудувачот“, што во превод би значело дека секој има своја верзија и свое гледиште на приказната, е комплетно вистинита кога се работи за филмот „Свиркачот“. Дејството, сместено во Сараево, е толку несмасно изведено и со толку дупки што е апсолутно недозволиво за една холивудска продукција. Но од друга страна, кога го гледаш филмот не можеш, а да не запрашаш дали тие пропусти ги забележуваме само ние, Балканците, додека на пример за „странците“ ова е сосема добар филм. rnrnИако сторијата е крајно инспиративна, особено затоа што е направена според вистинит случај, нас екс-Југословените, одредени моменти особено не иритираат. Прво, тука е повремениот лош босански (или повремено некој вид џибриш) јазик и второ, големите спасители – Американците, што ние, обичните луѓе од овие простори сме го виделе на политички план, па не сакаме да го гледаме и на филмското платно.rn———————————————————————————————————————————————————————-rn

rnПриказна: Кети (Рејчел Вајс) е посветена американска полицајка која за да заработи повеќе пари прифаќа да работи како миротворец во поствоена Босна. Нејзините планови се менуваат откако ќе открие цел ланец на трговија со бели робови во кој се вклучени и огромен број членови на Обединетите нации како и локални моќници. Таа одлучува да не премолчи и тргнува да ги промени работите што се покажува дека е (речиси) невозможно. Момците во ОН до максимум го користат дипломатскиот имунитет што значи дека без разлика што ќе направат, тие се недостижни. Паралелно со големата приказна за корумпираните злосторници во големите организации, се расплеткува и помала, интимна сторија за една девојка Раја (Роксана Кондураче) која е дел од тој ланец и како и сите останати е третирана како парче месо.Свиркачот (The Whistleblower)Иако филмовите за трговија со бело робје се можеби веќе кажана работа, свежината на „Свиркачот“ е во тоа што прво е правен според вистинита приказна, а второ открива да кажеме една „викиликс“ сторија. Знаете, кога во медиумите ќе дојде информација од типот дека затворениците во Абу Граиб се садистички тортурирани од американски војници, многу ретко слушаме кој ја протуркал таа информација до виделина. Е за тие луѓе е овој филм. За вечните борци како Кети.Свиркачот (The Whistleblower)Глума: Рејчел Вајс во „Свиркачот“ актерски е еден чекор понапред од останатите, но нејасно е дали затоа што е брилијантна или затоа што повеќето нејзини партнери не се на ниво на задачата. ОК, Ванеса Редгрејв е одлична, но на пример Моника Белучи не само што не е добра туку и на моменти ù пречи. Тргнувајќи од лошиот акцент до неубедливата глума, таа повеќе му штети отколку што му помага на филмот. Сергеј Трифуновиќ се појавува во епизодна улога на локален газда и садиста што можете само да претпоставите дека ја игра со максимална леснотија.Свиркачот (The Whistleblower)Кинематографија: Пустош, сиромаштија, јад и беда. Во американските очи таква е Босна. Студена, сурова и таму женскиот живот не значи ништо.Свиркачот (The Whistleblower)Кога и како да го гледате: Во „Свиркачот“ има неколку силни, потресително сурови сцени, па токму затоа не го препорачуваме за оние почувствителните, ниту пак за помладите. А сите кои ќе се одлучат да го гледаат, подобар е ноќно време.Свиркачот (The Whistleblower)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.