Автор: Александар Ниневскиrnrn
Главни улоги: Зои Дешанел, Џејк Џонсон, Макс Гринфилд, Ламорн Морис, Хана СимонrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Елизабет МериведрrnrnПремиера: 20 септември 2011rnrnОригинален канал: ФоксrnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 9rn rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
Како што кажува насловот, серијата се врти околу новата девојка Џес. Таа е весела и насмеана девојка во нејзините доцни дваесетти, која се обидува да го преболи бившото момче откако тој ја измамил. Така таа наоѓа ново место за живеење и нови пријатели кога ќе се всели со тројца млади мажи: Ник кој работи како бармен; Шмит, кој работи некоја досадна работа во канцеларија и мисли дека е Казанова; и Винстон кој е поранешен кошаркар. Иако тројцата нови цимери сметаат дека Џес се однесува по малку чудно, сепак ја подржуваат најголем дел од времето. Во оваа група на пријатели подоцна се вклопува и другарка ѝ на Џес, Сиси која е модел.rn
rn
rn
rnПриказна: Голем број од интересните случки во серијата се причина на различните особини и карактери на сите ликови. Џес работи како наставничка во основно училиште која често влегува во чудни ситуации затоа што не сака да влегува во конфронтации. Исто така Џес често знае и да запее, притоа измислувајќи сопствени текстови кои одговараат на дадената ситуација.
Ник е незавршен студент по право кој работи во еден локален бар. Тој нема среќа во љубовта и често сака да биде оставен на раат.
Шмит е самопрогласен Казанова и верува дека е подарок за жените. Тој работи во канцеларија во една фирма каде што е единствениот маж и поради тоа е често исмејуван од своите колешки. Неговите цимери имаат тегла наменета за него, кога ќе каже некоја глупост – мора да стави пари во неа.
Винстон е поранешен кошаркар кој играше во Латвија и моментално бара нова работа. Тој има голем натпреварувачки дух, но брзо му здосадуваат обичните работи и задачи.
Сиси иако работи како манекенка, сепак има многу повеќе улично знаење и не се плаши од конфронтација за разлика од Џес. Тие две се најдобри другарки од детството. Иако на моменти не сака да признае, сепак постои некаква привлечност помеѓу Сиси и Шмит.rnrnКога и како да ја гледате: Кратка и слатка, по една епизода неделно е токму она што ви треба за си го подигнете расположението. Конзмирајте ја дозирано, но во кој било дел од денот, во друштво на неколку пријатели или со вашиот партнер.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
