Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

Сподели

rn

Реклама

6. Дин во „Тажен Валентин“ (Blue Valentine)

rnОвој брутално емоционален филм ги портретира модерните љубовни врски со сите нивни подеми и падови. Дин се заљубува во Синди и заедно го одгледуваат нејзиниот син од претходната врска. Но, постојано имаат проблеми. Нивната врска набрзо започнува да се распаѓа и кога Дин решава да ја одбрани својата репутација, тој воочува дека половина од работите се по негова вина и се труди да ги подобри односите меѓу нив. Но сите филмови немаат среќни краеви, па на крај тој го прифаќа поразот знаејќи дека неговата врска со Синди повеќе ќе предизвика штета отколку среќа.

rn

7. Џеси во „Селест и Џеси засекогаш“ (Celeste and Jesse forever)

rnЏеси не е реалистично момче колку што е реалистичен бивш. Оваа приказна за пар кој раскинува, но сепак одржува контакт, успева да нѐ допре баш таму каде што најмногу боли. Сите сме пробале да останеме пријатели со нашите бивши, но секогаш некој се надевал дека пламенот повторно ќе се разгори.

rn

8. Сатер во „Спектакуларното сега“ (The Spectacular now)

rnСатер е ѕид од самодоверба и шарм – совршеното момче од филмовите, но кога ќе го скршите тој ѕид навлегувате во неговата внатрешност каде што се вткаени неговите најдлабоки стравови, несигурности и анксиозност. И како повеќето мажи, и тој се обидува работите да ги реши со алкохол. А пореалистично од тоа не може да биде.

rn

9. Џеси во трилогијата „Пред зора“ (Before Sunrise trilogy)

rnВеќе во вториот дел, Џеси и Селин конечно одлучуваат да престанат да се расправаат и да бидат заедно, a во последниот дел тие се веќе во брак. Тоа значи дека Џеси е можеби најреалното момче на листава затоа што во ниеден момент од филмот не е слатка романтична душа која не престанува да зборува. Тоа го прави неверојатно многу реален.

rn

10. Пит во „Напумпана“ (Knocked Up)

rnПол Руд секогаш имал реалистични ликови кои ги сакаме и со кои сочувствуваме. На моменти намуртен, но сепак премногу шармантен за да може кој било да му одолее, Пит е тип со кој секоја жена може да се замисли. Неговите цимолења и кенкања и тоа што го кажува погрешното нешто во погрешното време е навистина претерано, но тој никогаш нема да ве напушти и да се пресели во Индија.

Популарно

Може ќе ве интересира