КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Ханибал (Hannibal)

Ханибал (Hannibal)
Серија која нема да ве остави гладни

rnrnХанибал (Hannibal)Главни улоги: Хју Денси, Мадс Микелсен, Лоренс Фишбрн, Каролина Давернас…rnrnЖанр: криминалистика, хорор, трилерrnrnКреатор: Брајан ФулерrnrnПремиера: 4 април 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn


rnrnФантастично приспособеното сценарио надополнето со одличната екипа на чело со Мадс Микелсен, кој го толкува ликот на Ханибал Лектор, нема да остави никого рамнодушен. Доколку имате слаб стомак, бидете внимателни, хорор елементите во серијата се визуелно моќно прикажани, а на моменти дури и гадни. Не очекувајте дека Ханибал Лектор ќе биде истиот лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, кој го толкуваше Ентони Хопкинс. Овој пат тој е уште пострашен, а морници ќе ви поминуваат низ телото додека ја гледате неговата морничава појава и неговото бесчувствително лице. Мрачен лик кој едноставно ќе ве „јаде“ однатре. Ова е серија која го заслужува вашето внимание. Бон апети!rnrn


rn rn

rnХанибал (Hannibal)ТВ серијата „Ханибал“, во продукција на телевизиската куќа „NBC“, е базирана на новелата „Red Dragon“ (Црвениот змеј) напишана од Томас Харис. Бидете спремни на возбудлива и „вкусна“ приказна, за која креаторот Брајан Фулер се погрижил повеќето гледачи да ја јадат со сласт.Ханибал (Hannibal)Приказна: Дејството во серијата се фокусира на триото Вил Грем, специјален агент на ФБИ кој ја има способноста да се стави во кожата на сериски убиец, да му ѕирне во умот и да го види злосторството низ неговите очи, авторитетниот ФБИ агент Џек Крафорт и брилијантниот психијатар Ханибал Лектор. Во приказната Лектор е повикан за да му помогне на Вил во справувањето со психопатите, а тој постојано седи отспротива со најголемиот психопат со темна и болна тајна, дискутирајќи за своите мрачни чувства и нестабилната ментална состојба. Лектор тоа умешно ќе знае да го користи…Ханибал (Hannibal) Ханибал (Hannibal) Ханибал (Hannibal)Серијата е постојано пропратена со одличен саундтрак кој максимално и ефектно ја надополнува. Првата сезона е предвидена да има 13 епизоди, а и во втората се најавени исто толку.Ханибал (Hannibal)Интересeн факт: Сите епизоди од првата сезона се насловени со француски збор за некое јадење.Ханибал (Hannibal)Кога да ја гледате: Епизодите траат долго, но се многу заразни. Како и да е, досега се излезени 11, па доколку им се запнете можете да ги изгледате во еден здив. Препорачливо е да ги гледате ноќно време, за да го подобрите доживувањето, но постои ризик во сон да вечерате човечки орган. 🙂Ханибал (Hannibal)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.