Филм: Привилегијата да се биде срамежлив (The Perks of Being a Wallflower)

Сподели

Шармантна емотивна приказна за тешкотиите во тинејџерските години

Режија: Стивен Чбоски

Реклама

Улоги: Логан Лерман, Ема Вотсон, Езра Милер, Пол Рад

Времетраење: 102 минути

Јазик: англиски

Премиера: 12 октомври 2012

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка:[ratings]rn

rn rnМожеби ви се чини нереално да оцениме со десетка филм во кој дејството се врти околу животот на неколку тинејџери, но овој пат мора да се направи отстапка затоа што и „Привилегијата да се биде срамежлив“ драстично отстапува од вообичаените тинејџерски филмови. Пријателството, љубовните проблеми и сексот преку очите на петнаесетгодишниот Чарли, изгледаат многу поинаку во споредба со оние филмови кои им се додворуваат на гледачите, нереално идеализирајќи ги тие години од животот.

Чарли (Логан Лерман) е средношколец во прва година кој нема ниту еден пријател. Тој воопшто нема со кого да разговара вон своето семејство. Тргнува на училиште со намера да стекне пријатели и нив ќе ги најде во матурантите Сем (Ема Вотсон) и Патрик (Езра Милер). Кога ќе добијат слика за неговото секојдневие, тие ќе направат сè за да го воведат во убавините на средношколскиот живот, но токму кога ќе помислите дека уште еднаш ќе гледате како аутсајдерот станува ѕвезда, филмот се претвора во преубава емотивна приказна за искреното пријателство и љубовта.rn
rn

Сем: Зошто јас и сите оние што ги сакам бираме луѓе кои нè третираат како ич да не вредиме?rnrnЧарли: Затоа што ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме.

Сем: Не можеш само да седиш настрана и да ги ставаш туѓите животи пред својот и да мислиш дека тоа е љубов.

Иако Чарли немал пријатели и девојки, тој не е обичен неснаодлив средношколец. Тој е само срамежлив, воедно многу интелигентен и добро разбира што се случува околу него. Како што ќе се продлабочува неговото пријателство со Сем и Патрик, кои исто така поминуваат низ свои драми, така слој по слој ќе излегува на површина она што довело до нивните денешни проблеми. Преку нивните животи, авторот на книгата по која е направено сценариото и режисер на овој филм Стивен Чбоски ќе испреплете теми како губењето на првата љубов, конфузијата околу смислата на животот, губењето на најдобриот пријател, менталните болести, проблемите поради хомосексуалноста, сексуалното злоставување итн.

Сепак овој филм воопшто не е мрачен. Иако обработува вакви тешки теми на доста реален начин, неговото гледање предизвикува убаво чувство кај гледачот, а често изнудува и насмевка. Во тоа особено се истакнува Патрик, одлично одигран од Езра Милер. Кога и да се појави во сцената успева да го освои просторот со својата елоквентност и реплики со извонредно дозиран хумор. Чарли, Сем и Патрик се премногу интересни деца за овој филм да биде тажен. Нивните дијалози секогаш се интересни, забавни и многу мудри.rn
rn

Проф. Калахан: Ништо (мисли на Патрик), ти читај прв!

Патрик: Добро. Прва лекција: Како да преживеете со вашиот професор-фашист кој сака да понижува деца за да се чувствува голем. Уау! Ова е корисно дечки, ајде да го прочитаме!

rnВи го препорачуваме „Привилегијата да се биде срамежлив“ за моментите кога ќе сакате да гледате филм кој ќе направи да се чувствувате добро. Навистина, понекогаш е истовремено тажен и смешен, но и покрај тежината на некои теми, сепак влева оптимизам. Ова е неверојатно шармантна приказна за емоционалните тешкотии од тинејџерските години, исполнета со мудрост каква што ретко се појавува и затоа би сакале да ја изгледате.rn
rn

Чарли: Знам дека сите ќе станеме некој – сите ќе станеме стари фотографии и сите ќе станеме нечии мајка и татко. Но сегашниот момент не е приказна, тој се случува. Јас сум тука и гледам во неа. А таа е толку прекрасна.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира