Романтична приказна сместена во свет од фантазијатаrnrn
Режија: Хуан СоланасrnrnУлоги: Кирстен Данст, Џим Старџис, Тимоти СполrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 април 2013rnrnЖанр: романса, фантазија, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rn„Превртено“ е романса која има два силни адути за накратко да ве изнесе од реалноста: дејството кое носи беспоштедна борба за љубов и беспрекорните визуелни ефекти со кои е изграден нереалниот свет во кој тоа се одвива. Иако за овој жанр не се карактеристични компјутерски шминкања на сценографијата од ваков размер, нивното присуство на филмот му давааат бајковитост која не сме ја гледале во романтичните драми и може да ве заглави во „другиот“ свет во оние 100 минути.
Лесно ќе го разберете тој свет од фантазијата затоа што филмот почнува со кратка лекција по физика за да знаете што ќе гледате. Тој се состои од две планети споени една со друга преку зградата на големата компанија Трансворлд, а секоја од планетите има своја гравитација која што дејствува само врз сопствените жители. На едната планета, во Горниот свет, луѓето живеат во изобилие, а оние од Долниот свет се сиромашни.
Адам (Џим Старџис) е сираче од Долниот свет кој играјќи си еден ден ќе се искачи на планина која е многу блиску до Горниот свет. Таму, но на горната страна, првпат ќе ја сретне Идн (Кирстен Данст). По неколку години на истото место ќе се вљубат еден во друг и ќе почнат тајно да се гледаат затоа што љубовта меѓу луѓе од два различни света е забранета. Ќе создадат своја сопствена вселена на местото каде што првпат се сретнале и ќе уживаат во неа. Тоа трае сè додека граничните служби не ги откријат, кога во обидот да побегнат секој на својата страна Идн ќе падне назад на Горниот свет и ќе остане да лежи неподвижно.
Адам не знае што се случува со неа. Поминуваат години, тој продолжува со животот, добива ретка можност да работи за Трансворлд, но сè уште не знае ништо за неа. Работите се менуваат кога случајно дознава дека таа работи во истата компанија, но во делот кој припаѓа на Горниот свет. Поради оживувањето на спомените добива полетност која го тера што побргу да се види со неа, но кога тоа конечно ќе се случи Идн не се сеќава на него. Од дамнешниот пад ја загубила меморијата и знае само за животот после тоа. Адам останува разочаран, но има нешто кое не му дава да седи настрана и започнува да се бори за да си ја врати назад најголемата љубов во неговиот живот.
Веќе насетувате дека приказната се врти околу стереотипот за момче од сиромашниот општествен слој и девојка од високата богата класа кои љубовта ги тера да ги прекршат општествените правила за да го најдат мирот во сопствените прегратки. И не сте далеку од вистината, иако приказната на моменти го избегнува тоа клише благодарение на тоа што тој нереален свет од фантазијата наметнува некои елементи кои ѝ даваат необичност.
Како и да е, тој многу веројатно ќе успее да ве обземе со обвивката од брилијантни визуелни ефекти кои бездруго ќе ве однесат во вселената која ја замислил режисерот и сценарист Хуан Соланас, сакале вие да ја гледате таа иста приказна и во овој филм или не. Кога таа би била пооригинална ова би бил фантастичен филм, но и вака е необична романтична драма која вреди да се погледне.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
