Напреден убиец ѝ помага на една необична жена да го најде нејзиниот татко и да ги открие мистериите за нејзиното потекло
rn
Режија: Александар БахrnrnУлоги: Руперт Френд, Хана Вер, Зекери КвинтоrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 21 август 2015rnrnЖанр: акција, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што ни покажува елитен убиец, кој е генетски модификуван да биде совршената машина за убивање. Тој е познат по последните 2 бројки од бар-кодот кој го носи на својот врат, агент 47, укажувајќи ни дека пред него имало 46 други агенти со чие истражување довело тој да биде посилен, побрз и поинтелигентен. Но, неговата најнова мисија вклучува борба со група непријатели чии моќи ги надминуваат неговите, па токму затоа мора да најде алтернативен начин за да ги победи.rnrn
rnrnАгентот 47 во својата мисија ќе вклучи и една девојка, Катја, која го поминала сиот свој живот барајќи го својот татко. Тоа што таа не го знае е дека токму нејзиниот татко е одговорен за создавањето на програмата „Агенти“ која довела до постоењето на 47. Неговата мисија е да направи сè што е во негова моќ за да се спречи повторното создавање на ваков вид напредни убијци и знае дека таа е единствената која може да го пронајде својот татко. Но, исто како што тој носи голема тајна со себе, така и таа не е само една обична девојка, како што делува на прв поглед.rnrn
rnrnПриказната на овој филм е базирана според популарната видео игра „Hitman“, па токму затоа и ќе ви биде позната. Филмот е исполнет со многу акција и голем број ефекти, додека истовремено одржува одлична доза мистериозност која со секоја нова сцена Катја сè повеќе ја зачинува. Не можеме да кажеме дека настаните не се предвидливи и малку проѕирни, но сепак тоа нема да ве спречи да уживате во нивниот тек. Доколку сте фан на видео играта која го носи истото име и ако сте расположени за трилер исполнет со многу акција, тогаш дефинитивно вашиот следен избор за филм би требало да биде токму овој.
