rn
rn
6. Култната сцена е (скоро) реална
rnКултната сцена во која Томас и E.T. летаат со велосипед над полна месечина, што се наоѓа и на филмскиот постер, е навистина реална. Односно, вистинска е позадината врз која подоцна како визуелни ефекти во постпродукцијата се додадени ликот на момчето и неговиот пријател.rnrn
rn
7. Филмот добил овации на филмскиот фестивал во Кан
rn„Е.Т.“ бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1982 година, а публиката се кренала на нозе при крајот од филмот и ракоплескала 15 минути. Стоечките овации биле повторени и откако филмот завршил, и во тоа време сите знаеле дека се работи за неверојатен хит.rn
8. На чоколадите со ориз им пораснала цената заради филмот
rnЗа да го привлече вонземјанинот во својот дом, Елиот му нуди чоколадо со ориз на E.T. Две недели откако филмот се појавил во кината, продажбата на ова чоколадо се зголемила за 65%.rnrn
rn
9. Спилберг бил обвинет за кражба
rnПо големиот успех на филмот, индискиот режисер Сатијаит Реј го обвинил Спилберг за плагијат, односно тврдел дека тој ја презел идејата за приказната од неговото сценарио од 1967 година за „Вонземјанинот“, кое Columbia Pictures требало да го снима во 1970-тите. Спилберг се бранел со фактот дека тој бил средношколец кога сценариото го обиколувало Холивуд, па не била преземена никаква правна постапка против него.rn
10. Требало да следи продолжение на филмот
rnСтивен Спилберг и Мелиса Метисон создале приказна за продолжението на филмот „E.T. II: Nocturnal Fears“. Во краткиот опис на вториот дел, кој е напишан на десет страници, Елиот и неговите пријатели се киднапирани од мутирани странци предводени од злобниот водач Корел и тие се обидуваат да го најдат патот до дома. Сепак, Спилберг одлучил да не го сними продолжението бидејќи тоа би ја осквернило чистотата на оригиналниот филм.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои се 9-те божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери.

