Автор: Александар НиневскиrnrnТВ серија за еден поинаков поглед на родителството, претставен преку мајка која работи премногу и татко кој останува дома со ќерката…rnrn
Главни улоги: Кристина Аплгејт, Маја Рудолф, Џенифер Хал, Вил АрнетrnrnЖанр: ситуациска комедијаrnrnКреатор: Емили СпајвиrnrnПремиера: 14 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrn rnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnРеган и нејзиниот сопруг Крис се гордите родители на малечката Ејми. Во улогата на Реган се појавува Кристина Аплгејт која сите добро ја знаеме од серијата „Во брак со деца“ (Married with children), а Крис го глуми Вил Арнет кој ни е познат од „Забавен развој“ (Arrested development).
Приказна: Реган, Крис и Ејми не се типично семејство каде што таткото оди на работа, а мајката седи дома со детето. Крис ја остави својата работа како адвокат за да ја чува својата ќерка, додека Реган работи напорно како продуцент на шоу на нејзината најдобра другарка Ева. Иако звучи едноставно, сепак не е сè така лесно како што изгледа.
Кога ќе се врати на работа, Реган ќе биде под голем стрес. Веднаш ќе се почувствува растргната помеѓу мајчинството и нејзината кариера. Ќе биде под притисок од нејзината најдобра пријателка Ева да продолжи со стариот стил на живот кој вклучува многу вечерни излегувања по барови и клубови. Единствената утеха ù е дека и после најголемата журка, секогаш успевала да се врати дома безбедно.
Одлучена да докаже дека заедно со Крис сè уште имаат возбудлив љубовен живот, дека може да биде совршена сопруга, добра мајка и професионална жена, Реган малку ќе излета од контрола. Сепак, на крајот ќе сфати дека нејзината ќерка Ејми е нејзиниот приоритет број еден и сè друго е помалку значајно (освен можеби нејзиниот сопруг Крис).
Во серијата гостува Меган Мулали во неколку епизоди, која сите ја паметиме како Керен од Вил и Грејс.
Кога и како да ја гледате: Може да ја гледате заедно со семејството или пријателите во кој било дел од денот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
