КАФЕ ПАУЗА

9 добри филмови за долгиот викенд

9 добри филмови за долг викенд

Written by

in

,

Ако ви се гледа филм, мора да размислите за овие девет предлози. Тоа се одлични филмови кои добија признание од широката публика, а сигурно некои од нив ќе ви се допаднат и вам.rn

1. Егзодус: Богови и кралеви (Exodus: Gods and Kings)

rn9 добри филмови за долг викендrnrnСпектакуларен блокбастер за добро познатата библиска приказна за Мојсеј, човекот кој се охрабрил Евреите, од робови во Египет, да ги врати да живеат во слобода во нивната ветена земја. Кристијан Бејл се јавува во улогата на Мојсеј, а Џоел Еџертон го игра Рамзес. Инаку филмот има поразлична содржина од оние кои традиционално се прикажуваат околу Велигден.rnrnrn

2. Игра на имитација (The Imitation Game)

rn9 добри филмови за долг викендrnrnАлан Туринг е брилијантен ум кој има капацитет да прочита кодови кои за сите други се мистерија. Тоа е човек кој навистина живеел и според чија приказна е сниман овој одличен филм. Овде е раскажан делот во кој тој со своите способности ѝ помага на својата земја во борбата против нацистите во Втората светска војна. Туринг ќе биде дел од тим кој ќе добие задача да ги прочита тајните кодови на Германците кои се клучни за добивањето на војната.rnrnrn

3. Грабната 3 (Taken 3)

rn9 добри филмови за долг викендrnrnФановите на првите два филма од серијалот знаат што може да очекуваат и од овој дел. Овој пат Брајан Милс, ликот на Лијам Нисон, се обидува да докаже дека не е убиец. Кога неговата сопруга ќе биде убиена од албанската мафија тој ќе биде главниот осомничен и затоа ФБИ и ЦИА ќе го бркаат. Во таков момент тој ќе мора повторно да ги употреби своите вештини за да ги пронајде вистинските убијци и да го исчисти своето име.rnrnrn