Изгледа месец март ќе биде многу возбудлив за љубителите на филмското платно, бидејќи нè очекуваат навистина големи наслови. Па, погледнете што доаѓа овој месец во кино салите ширум светот и запишете ги најважните 5 датуми!rnrn
rn
1. Црвено врапче (Red Sparrow) – 2 март 2018
rnЏенифер Лоренс ја толкува улогата на Доминика Егорова, која против својата волја ќе стане „Врапче“, односно специјално тренирана агентка што ги користи телото и умот како оружја. Таа мора да ја заборави личноста што била во минатото и да се прифати себеси во сегашноста за да може да преживее во овој свет.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=PmUL6wMpMWwrnrn
2. Набор во времето (A Wrinkle in Time) – 9 март 2018
rnПриказната го следи животот на Мег Мјури (Сторм Рид), младо девојче што било трауматизирано по исчезнувањето на нејзиниот татко научник. Таа ќе се најде себеси на интерпланетарно патување со цел да го пронајде својот татко…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UhZ56rcWwRQrnrn
3. Ограбувач на гробови (Tomb Raider) – 16 март 2018
rnЛара Крофт е огнено независна ќерка на ексцентричен авантурист што исчезнува уште кога таа била тинејџерка. Сега, на 21-годишна возраст, и против последните желби на татко си, таа остава сè зад себе и трга во најголемата авантура на својот живот, убедена дека тој е уште жив.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8ndhidEmUbIrnrn
4. Пацифик Рим: Побуна (Pacific Rim: Uprising) – 23 март 2018
rnЗастрашувачкиот конфликт помеѓу чудовиштата од друг свет, одговорни за масивно уништување на Земјата и луѓето што со помош на огромни супермашини се обидуваат да го заштитат човештвото, води кон неверојатни битки што малкумина би можеле да ги издржат.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TUUUh-51t1krnrn
5. Играч број 1 (Ready Player One) – 29 март 2018
rnПриказната се одвива во виртуелниот свет наречен Оаза, каде што еден тинејџер почнува да трага по скриено богатство и се бори против безмилосни негативци откако креаторот на играта умира и го нуди своето богатство како главната награда.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=cSp1dM2Vj48