КАФЕ ПАУЗА

2 шворц девојки (2 Broke Girls)

2 шворц девојки (2 Broke Girls)

ТВ серија за животот во беда, кој и не е така лош кога ќе се погледне од комичната странаrnrn2 шворц девојки (2 Broke Girls)Главни улоги: Кет Денингс, Бет Берс, Герет Морис rnrnЖанр: комедијаrnrnПремиера: 19 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnСекој од нас се раѓа во различна средина, е воспитуван на различен начин и му се овозможени различни услови. Тоа нè прави она што сме кога веќе сме доволно зрели за да донесуваме сопствени одлуки за тоа како ќе го живееме животот. rnrnШворц или не, средства се неопходни барем за да се овозможи минимална егзистенција. Но, што се случува кога две девојки со различен социјален статус ќе се најдат „во иста каша“? Сепак, и покрај сите маки да се заработи за да се преживее, изгледа како да има нешто симпатично во нивните животи. Веројатно тоа е поради спојот на два сосема различни карактери од кои секој го вади подоброто од другиот.rn————————————————————————————————————————————————–rn

rn

Приказна: Макс е келнерка во локално кафуле, која одамна самата се грижи за себе за да си овозможи егзистенција во животот. Таа е самоуверена, крута, полна со иронија, но истовремено и слатка. Овде доаѓа да работи блондинката Керолајн, која цел живот јадела по скапи ресторани, носела брендирана облека и се школувала во елитни образовни институции. Патот ја носи овде бидејќи нејзиниот татко, кој бил изворот на сите овие благодети во нејзиниот живот, е фатен за проневера. Тој завршува во затвор, губат сè, па Керолајн мора да почне да учи сама да се снаоѓа во животот. Така таа почнува заеднички живот со Макс, која ја прифаќа под својот покрив.2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)Иако сиромавите знаат да бидат зајадливи, а богаташките празноглави, во серијата е дозирана примената на стереотипи и можеме да видиме како едните можат да учат од другите. Целта на двете девојки е да заработат доволно пари за еден ден да отворат сопствена слаткарница каде ќе ги продаваат неодоливите колачи на Макс, кои сега ги продаваат во кафулето.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Хумор: Хуморот е освежувачки, карактеристичен, на моменти нападен и чест. Различен од оној на кој сме навикнале од другите серии. Може да ви се допаѓа или не, но најверојатно, во најмала рака би ви бил прифатлив. Уште во пилот епизодата ќе се изнасмеете квалитетно неколку пати, а од десетте епизоди колку што се емитувани досега, ќе научите добри финти за „залепување“ луѓе во фаца.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Кога и како да ја гледате: Па и не постои правилно време за гледање кратка комедија. Добредојдена е секогаш, а најубаво доаѓа после завршување со работните обврски или пред легнување. Не мора да чекате да ви се соберат повеќе епизоди. Секоја е спакувана толку долго и со толку хумор за да ви биде сосема доволно.2 шворц девојки (2 Broke Girls)

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.