7. Волшебникот од Оз (The Wizard of Oz)
rnСтанува збор за филмска класика. Преминот од црно-бел филм во филм во боја секогаш восхитува. Овој филм ќе ве натера повеќе да го цените својот дом.rn
8. Клубот на беби-ситерки (The Baby-Sitters Club)
rnЖенски пријателства, деведесеттите години, Елен Бурстин како каприциозната сосетка и секако познатата реплика „Тие не се кул. Ние сме кул и никогаш не го заборавај тоа.“rn
9. Стапица за родителите (The Parent Trap)
rnОвој филм ќе направи да се чувствувате како вие да сте третата близначка. Едноставно не можете да не уживате во него.rn
10. Животот е прекрасен (It’s a Wonderful Life)
rnОвој филм предизвикува солзи додека пиете црвено вино и ги виткате божиќните подароци. Секоја година.rn
11. Главна сцена (Center Stage)
rnСериозно? Танцување и љубовна приказна? Па, не може да биде подобро од тоа.rn
12. Свадбата на мојот најдобар пријател (My Best Friend’s Wedding)
rnШармантна приказна во која се чувствува сиот сјај на деведесеттите години. Зарем би можеле да посакате нешто повеќе?rn
13. Кога Хари ја сретна Сали (When Harry Met Sally)
rnЊујоршката квинтесенција, хемијата и играта со зборови помеѓу Били Кристл и Мег Рајан, модата, крајот… Сѐ во овој филм е прекрасно.

