Под влијание на плимата и осеката се формира Ваденското Море, еден од последните преостанати екосистеми од тој вид и големина. Морето се повлекува двапати на ден и остава огромни калливи пространства, со ширина до 40 километри. Овие природни процеси кои функционираат непречено формираат уникатни слики: во еден момент ќе наидете на огромно калливо пространство, а во следниот сè ќе биде покриено со вода.rnrn
rnrnВаденското Море се протега по должината на бреговите на Данска, Германија и Холандија, а овој феномен е признат од УНЕСКО како светско наследство, затоа што никаде во светот нема таков променлив предел во кој има толку многу живот.rnrnСо оглед на непредвидливите временски услови, не е лесно да се преживее таму, и токму затоа растенијата и животните кои живеат во Ваденското Море се исклучителни.rnrnМногубројни растителни и животински видови живеат во ритамот на плимата и осеката, ветрот и песокот. На морските ливади расте трева, има солено мочуриште, се формираат плимни канали и може да се видат утоки, интересни речни корита, плажи и дини – во зависност од тоа дали ќе ги посетите за време на плима или осека.rnrnГолем дел од Ваденското Море, особено во Холандија и Долна Саксонија (провинција во северна Германија), е покриен со острови кои формираат природни бариери и го прават пејзажот уште поинтересен.rnrnНо, Ваденското Море не изгледало отсекогаш како што изгледа денес – контурите што ги има денес ги добило пред неколку илјади години, но крајбрежјето не престанува да се менува. Пред околу 10.000 години, Северното Море било практично суво. Тогаш, од Холандија до Англија можело да се оди пеш. Со текот на времето, силните ветрови донеле огромни количини песок во правец на Данска, Германија и Холандија, а Северното Море започнало да се полни. Тоа било на почетокот на холоценот. Брановите обликувале песочни ѕидови, а потоа се формирале морски канали, кои на крајот пораснале толку многу што во нив се создало море.rnrnИако природата играла голема улога во формирањето на Ваденското Море, и човекот учествувал на свој начин. За да се обезбедат безбедна почва за живот, луѓето граделе насипи околу ридовите за да ги заштитат добитокот и посевите од поплавување. Лицето на мочуриштето исто така се менувало со копањето кал од каналот.rnrnСтруите на Ваденското Море се силни, но не се насекаде исти. Колку е поголема разликата помеѓу плимата и осеката, толку е посилна струјата. На пример, во Холандија разликата помеѓу плимата и осеката е помала отколку во Германија и Данска. Ова значи дека струите во Холандија се послаби.rnrnИсто така, островите се разликуваат по големината. Германските и данските острови се многу помали од холандските. Со поголемите разлики во плимата и осеката, повеќе вода поминува низ каналите и тие се пошироки. Во Холандија, морските канали се многу потесни отколку во Германија и Данска. Во секој случај, Ваденското Море е феномен кој вреди да се види барем еднаш во животот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ги овие интересни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега.
Category: Патувања
-

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден
-

Мали места за одличен одмор: Неразвиени медитерански бисери што ќе ви го освојат срцето
Тука ќе најдете прекрасна природа, чисто море, прекрасни градови и повеќе простор за себе.rn
Леванцо, Италија
rn
rnrnОстровот лоциран веднаш до западниот брег на Сицилија зафаќа само 6 квадратни километри. Идиличното село се наоѓа покрај крајбрежјето, во подножјето на ридовите кои обезбедуваат заштита, а освен тивките улици и бело-сините градби долж крајбрежјето, тука можете да ја најдете и познатата пештера Грота дел Џеновезе, насликана од античките предци уште во неолитот.rnХидра, Грција
rn
rnrnСамо неговото име звучи освежувачки, а е добиено поради големиот број природни извори на вода во античко време. Но, тука не е крајот на освежувањето. На живописниот остров недалеку од Атина нема автомобили и мотори. Сè може да се посети пеш: плажите, живописните манастири, таверните, шумските патишта што водат кон ридовите и музеите.rnАнтиб, Франција
rn
rnrnИако Антиб е всушност туристичко одморалиште, таму нема премногу луѓе. Својата автентичност ја чува во стариот романтичен град, во античките места, во средновековните бедеми, во една од најголемите колекции на дела на Пикасо, во раскошните градски градини и во домашното сирење и вино.rnСими, Грција
rn
rnrnШарените вили изградени во класицистички стил совршено се вклопуваат во зелените и карпести ридови над пристаништето, создавајќи една од најслатките сцени што Медитеранот може да ја понуди. А, убавите патеки меѓу карпите водат до скриените заливи…rnПоркерол, Франција
rn
rnrnВо мала оаза во близина на француската ривиера владее мајката природа. Пушењето цигари и автомобилите не се дозволени, а наместо тоа, има многу велосипеди и велосипедски патеки што водат низ прекрасни медитерански шуми и песочни плажи.rnМентон, Франција
rn
rnrnГо нарекуваат градот на лимоните и е едно од местата со најмногу сончеви денови годишно во Франција. Во 19-тиот век, градот бил „откриен“ од руски и англиски богаташи кои дошле тука на терапија, па оттаму потекнуваат многуте луксузни вили и градини што го красат овој град.rnТенедос, Турција
rn
rnrnТурскиот остров со масивни одбранбени ѕидови долж целиот брег, но и со шармантни улици ги воодушевува сите свои гости. Во последно време, стана популарна дестинација за младите луѓе кои бараат песочни плажи и сакаат да избегаат од хаосот во големиот Истанбул.rnАнгра до Хероизмо, Португалија
rn
rnrnЗаливот на херојството е име на мал град на португалскиот остров Терсеира. Името го добил од кралицата Марија Втора кога нејзините жители покажале храброст за време на т.н. либерални војни. Градот има пристаниште кое е заштитено од УНЕСКО, а покрај него има и познати тврдини, прекрасни цркви и паркови и неверојатна архитектура на секој чекор.rnrnПогледнете ги овие 10 плажи кои ќе ве воодушеват со својата природна убавина. -

Најмалиот „град“ во Италија: Место за одмор на прекрасен брег што го заобиколуваат туристите
Атрани е мал град на италијанскиот брег Амалфи и има сосема нетипичен изглед. Поради тоа, местото веќе треба да се најде на насловните страници и на списоците со најубавите плажи, но Атрани успешно се крие во сенка на познатите градови во областа, како што се Салерно, Амалфи и Неапол.rnrn
rnrnМалото рибарско село има помалку од илјада жители, а штом ќе го видите еднаш, никогаш нема да го заборавате. Над него се надвиснуваат две остри карпи, а над плажата има мост и куп шарени куќи со мала тврдина на самиот раб.rnrnВо Атрани ќе најдете тесни улички, неколку плоштади со фонтани, стари барокни цркви од средниот век и тврдината „Торе дело Зиро“. Го нарекуваат најмалиот град во Италија, иако технички не припаѓа на категорија град. Но, барем звучи шармантно.rnrnА, стрмните карпи кријат две пештери: едната се вика „Куќата на Масаниело“, по човек што наводно се криел од неаполската војска, а другата „Пештера на светците“, во која се наоѓаат стари фрески во византиски стил од 12-тиот век.rnrnИ покрај сè, тука нема многу туристи, дури ни во сезоната. Ова место е автентично, слатко, медитеранско и мирно, па ако планирате да го посетите, не кажувајте никому.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги најшармантните мали градови. -

Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади
Швајцарското село Лаутербрунен изгледа како да излегло од зад сцената за некој романтичен филм снимен во природа. Има нешто повеќе од две илјади жители и се наоѓа во бујна зелена долина украсена со дрвја и цвеќиња, а погледот нагоре завршува на огромни планински врвови.rnrn
rn1. Сосема необично
rnСелото се состои од неколку улици полни со продавници, ресторани и куќи. Далеку е од големо, но добро е да биде токму такво, затоа што својата големина ја компензира со шармот и убавината со кои ги освојува сите странци, но и локалните жители.rn
2. Поглед на фантастичен водопад
rnЛаутербрунен го добил прекарот „место на 72 водопади“ од сосема оправдана причина. Видливи се многу мали и големи водопади, а до некои може да стигнете многу блиску до нив. Што се однесува до водопадите, најдобро е да го посетите Стаубах. Сместен е на периферијата на селото, а до нив ве очекува опуштена прошетка. Одлично е што можете да стигнете до самиот водопад, поточно зад него, и да ги видите Лаутербрунен и долината низ „вода што паѓа“.rn
3. Градба на најголема надморска височина во Европа што е изградена од човек
rnПосетата на опсерваторијата Сфинга е совршена за патниците кои бараат незаборавно искуство. Турата низ областа се плаќа, но тоа е навистина незаборавно искуство. Врвот ќе го достигнете минувајќи низ Јунгфраујох, највисоката железничка станица во Европа. Погледот од опсерваторијата достигнува дури до Франција, Италија и Германија, така што само тој факт е доволна мамка за посета на ова село.rn
4. Незаборавни пешачки патеки
rnКога сте таму, заборавете на автомобилот, бидејќи ќе бидете поврзани со жичарници и возови. Околните планини нудат многубројни пешачки патеки, кои минуваат низ шумата, преку потоците, покрај водопадите итн.rn
5. Блиску до другите убавини на Швајцарија
rnЕдна од предностите на Лаутербрунен е неговата близина со другите прекрасни швајцарски дестинации. Ако сакате да пешачите или да скијате, можете многу брзо да стигнете до Гринделвалд. Ако сакате да „скокнете во културата“, возот веднаш ве носи во Интерлакен. Блиску е и Женева, а ниту Цирих не е предалеку. Всушност, не можете да погрешите со Лаутербрунен, ниту со Швајцарија.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа италијанска плажа скриена зад фјордовите со прекрасни куќички во карпите. -

Опасна и чудесна атракција: Вулкан што добива сина боја за време на ерупцијата
Појасот на земјите околу Пацификот има застрашувачко име: Пацифички огнен круг или Огнен прстен. Ова име потекнува од многубројните вулкани пронајдени во областа. Ланецот што е долг 40 000 километри содржи дури две третини од активните вулкани во светот, а на овој регион има дури 90 земјотреси.rnrn
rnrnВулканот што се истакнува со својот необичен ефект е Кавах Ијен, лоциран на островот Јава, во близина на Бали. Овој вулкан е 13-ти по големина во светот и на неговиот врв се наоѓа прекрасно сино-зелено кратерко езеро.rnrnКога ќе се активира овој вулкан, тој испушта сина лава. Затоа се нарекува и Син вулкан. Имено, поради големата количина на сулфур во комбинација со висока температура (600 °C) и висок атмосферски притисок, горат сулфурни гасови што излегуваат од карпите и лавата добива неонска сина боја.rnrnНо, лавата само навидум добива сина боја. Таа всушност има иста боја како лавата на другите вулкани. Синиот ефект доаѓа од пламенот што го создава, а гасовите понекогаш кондензираат и продолжуваат да течат по падините на вулканот, создавајќи ефект на сина лава, а сината магија е видлива само ноќе.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа пустина среде зеленило чиј песок е во седум бои. -

Дали ќе исчезне под морето? Аеродром на вештачки остров до кој води мост долг 3 750 метри
Меѓународниот аеродром Кансај е архитектонско чудо. Сместен е на вештачки остров што е долг 4 километри и широк околу 2,5 километри, а се наоѓа во средината на заливот Осака, во близина на најголемиот јапонски остров Хоншу.rnrn
rnrnПоради недостатокот на простор во земјата на изгрејсонцето, но и за да се намали оптовареноста на меѓународниот аеродром во Осака, Јапонците започнале да градат вештачки остров во 1987 година, а седум години подоцна, на него слетале големи патнички авиони. Денес, низ него минуваат околу 30 милиони патници.rnrnВо изградбата на островот биле искористени десетици милиони кубни метри материјал, кои биле влечени од осумдесет бродови и во кои учествувале повеќе од 10 000 работници.rnrnЕден од најголемите предизвици за инженерите бил да изградат вештачки остров и аеродром што ќе можат да ги издржат постојаните земјотреси во областа, како и многубројните циклони. Но, градежниците не размислувале за последиците од климатските промени бидејќи аеродромот може да биде целосно под вода за 50 години.rnrnЗгора на сè, требало да се изгради мостот „Sky Gate R“, што е долг 3 750 метри и го поврзува овој остров со копното, поточно со градот Ринку и што овозможува пристигнување и заминување од аеродромот со автомобил или воз.rnrnВо продолжение погледнете како изгледа третиот најфреквентен аеродром во Јапонија.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како изгледа најдоброто место во светот за набљудување виножита. -

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?
Колекцијата на музејот „Бојманс Ван Беунинген“ во Ротердам, Холандија е многу позната. Вклучува повеќе од 150 000 уметнички дела собрани во последните 170 години од постоењето на музејот, вклучувајќи дела од големи мајстори, како што се Рембрант, Моне, Ван Гог, Сезан и Салвадор Дали.rnrn
rnrnЗа жал, во музејот може да се видат само осум проценти од тие уметнички дела. Останатите биле распоредени во неколку небезбедни уметнички складишта на кои им се заканувале поплави. За да се заштити ова уметничко богатство од распаѓање, изградено е депото „Бојманс Ван Беунинген“.rnrnСтанува збор за зачудувачка зграда во Музеумпарк во Ротердам која е на шест ката и е висока 39,5 метри, има изглед на џиновска чинија и е изработена од челик и бетон. Фасадата на зградата, пак, е покриена со многубројни огледала во кои се рефлектира целиот град.rnrnДепото „Бојманс Ван Беунинген“ зафаќа околу 15 000 квадратни метри и е изградено според идејата на холандската архитектонска фирма МВРДВ.rnrnВоедно, тоа е првото уметничко складиште во светот што нуди можност за разгледување на 99 проценти од зачуваните експонати. Исто така, посетителите може да добијат увид во процесот на обновување вредни предмети, пакување уметнички дела и подготовки за транспорт.rnrnНа покривот на депото има шармантна градина со 75 брези и прекрасен поглед на градот Ротердам.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го овој заборавен руски Мачу Пикчу што изгледа како да преживеал апокалипса. -

Зачудувачка сцена: Дали е ова осмото светско чудо?
Оголените темни дрвја опкружени со песочни дини изгледаат како мотив од слики на надреалистички мајстори, а не како фотографија од вистинско место.rnrn
rnrnСепак, станува збор за област во пустината Намиб, наречена DeadVley или мртво мочуриште. Сместено е во Сосусвлеј, во Националниот парк Намиб-Науклуфт и има дрвја постари од илјада години.rnrnОбласта порано била влажна, но климата се менувала со текот на времето. Дрвјата пресушиле, а поради сувата клима не можат да изгнијат.rnrnТие се опкружени со песочни дини, кои достигнуваат висина од 400 метри на одредени делови и се смета дека се највисоки во светот.rnrnИако температурите во намибиската пустина може да достигнат 50 Целзиусови степени, мртвото мочуриште во Сосусвлеј го посетуваат многу туристи во текот на целата година.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата. -

Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита
Виножитото е спектакуларен природен феномен, а едно од местата во светот каде што има многу голема веројатност да го видите е Хаваи. Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото.rnrn
rnrnНаучниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите.rnrnЗа формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа што нуди прекрасен поглед на планините каде што вообичаено врне и се појавуваат виножита.rnrn
rnrnНајмногу виножита може да се видат непосредно пред зајдисонцето, но ги има и наутро. Во текот на ноќта, топлата морска површина ја загрева атмосферата, што доведува до разлика во температурата и предизвикува дожд, поради што често на Хаваите се појавуваат виножита точно за време на појадокот.rnrn
rnrnПогледнете ја највисоката камена кула на светот – место на кое никој не смее да се искачи. -

Шарена престолнина: Ова е најголемиот парк на пеперутки во светот
Кокосовиот поток е неверојатно место што со право се нарекува светска престолнина на пеперутките. Токму таму, на јужниот брег на Флорида и на еден час од центарот на Мајами, се наоѓа нереално убавиот парк познат како Светот на пеперутките.rnrn
rnrnТаму има шест различни градини, водопади, фонтани и езерца, два музеи, зоолошка градина со инсекти, лабораторија и, секако, дури 20 000 пеперутки (80 видови) од целиот свет. Ова го направи овој парк најголемиот парк на пеперутки во светот.rnrnПокрај пеперутките, таму има многу егзотични видови птици, скорпии, бубачки, оси итн. Во лабораторијата, посетителите можат да ги видат различните фази низ кои поминува пеперутката.rnrnТаму живее една од најголемите пеперутки во светот, чии тиркизно сини и црни крилја може да бидат со големина од 25 до 28 сантиметри.rnrnЌе ви требаат најмалку два часа да го обиколите целиот парк, а често и повеќе – во зависност од тоа колку ве фасцинираат овие животни и колку трпение имате со фотоапаратот во рака.rnrnКако што велат, Светот на пеперутките е „хоби на човек кој излегол од контрола“. Роналд Бендер уште како дете бил фасциниран од пеперутките, а неговата љубов кон пеперутките траела цел живот. Па, така, тој започнал со одгледување домашни пеперутки и градење куќарки за пеперутки, а потоа продолжил со патувања во странство за да најде и да донесе егзотични видови пеперутки и да гради ботанички градини што им одговараат.rnrnПаркот бил отворен во 1988 година, проследен со иницијативата „Да ги вратиме пеперутките“, а посетителите истакнуваат дека искуството е подеднакво возбудливо и за деца и за возрасни.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ги овие 7 работи што не сте ги знаеле за најдолгиот пат во светот.