Препуштете се на вашата интуиција и изберете го коралот што најмногу ви се допаѓа. Тој ќе ви открие што ве очекува во следниот период!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Корал бр. 1″ active=”false”]Нови работи доаѓаат во наредните месеци. Подгответе се да уживате во нов прекрасен период од вашиот живот. Само не заборавајте дека новото ќе пристигне кога ќе ослободите простор за него. Затоа, време е да се збогувате со она што долго време ви беше товар: токсични врски, несакана работа, лоши навики, недовршени работи и проекти. Доколку не можете да се одлучите, ве потсетуваме дека вие го заслужувате најдоброто![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Корал бр. 2″ active=”false”]Следните месеци ќе бидат полни со изненадувања. Самите нема веднаш да забележите колку сте среќни, бидејќи среќата ја прават малите нешта. Погледнете околу себе – настаните веќе почнаа да се одвиваат на најдобар можен начин. Понекогаш ќе ви се чини дека ништо нема да биде исто како во вашата идеална слика за светот. Но, не се вознемирувајте бидејќи животот ќе најде начин да ви приреди убаво изненадување. Без разлика дали ќе се работи за неочекувано патување, романса, ново друштво или необично хоби, ве очекуваат промени во наредните месеци. И сè ново што ќе се појави во вашиот живот ова лето има големи шанси да остане во него долго време.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Корал бр. 3″ active=”false”]Ве очекува жешко и страсно лето. Можеби ќе ви се чини дека животот го тестира вашето трпение, па така и исполнувањето на вашите желби се одложува. Но, вреди да вложите повеќе енергија на прашањето што ве засега и сè ќе успее. Каде што има фокус, има и резултат. Летото ќе биде исполнето со комуникација, но може да има и несогласувања и помали конфликти. Во личните односи на прво место ќе биде задоволството, желбата за уживање во телото и експериментот. На работа, вашите напори конечно ќе бидат забележани, затоа очекувајте пофалби или унапредување. И вашите сакани ќе бидат задоволни со добрата вест. Не бидете скромни и прифаќајте сè бидејќи заслужувате награда.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Корал бр. 4″ active=”false”]Кога стагнацијата е неподнослива, неопходно е да се прекине маѓепсаниот круг и да се промени нешто. Не мора да биде одеднаш, можете да одите чекор по чекор. И понекогаш е доволно само да се започне. Она што треба да се случи, дефинитивно ќе се случи. Но, само кога сте максимално подготвени. Важна задача за летото е да бидете способни да се прилагодите и промените, да бидете флексибилни на околностите. Во поглед на љубовната врска, размислете како можете да ги продлабочите односите со партнерот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: atma.hr
Category: Занимливости
-

Тест: Одберете корал и откријте што ве очекува во следните 3 месеци!
-

Тест: Она што прво го видовте на сликата ја открива вашата најистакната нарцисоидна особина!
Најчесто, нарцисите имаат искривено чувство за самобитност и величественост и се карактеризираат со однесување кое покажува потреба за восхит и недостаток на емпатија. Сите ние понекогаш покажуваме некоја карактеристика на нарцисоидна личност. Овој тест може да ни открие на што треба да работиме и кој дел од нашата личност е повеќе фокусиран врз нас самите отколку на односите со другите.rnrn
rnrnАко некогаш сте се запрашале дали сте нарцис или не, овој тест на личноста ќе ги открие вашите најистакнати нарцисоидни особини, а ќе ви бидат потребни само неколку секунди. Погледнете во сликата. Кое е првото нешто што го забележавте?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Жена” active=”false”]Ако видовте жена, вашата најистакната нарцисоидна особина на личноста е фокусирањето на физичкиот изглед. Не сте целосно суетни, не секогаш ги осудувате другите во однос на начинот на кој тие изгледаат, но тоа е нешто што го правите кога сте под стрес или се чувствувате фрустрирано.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”2. Река” active=”false”]Ако видовте река, вашата најистакната нарцисоидна особина е фокусирањето на социјалниот статус. Иако знаете дека квалитетот на вашите односи со другите луѓе е поважен од било што друго, може да ви биде тешко да го префрлите вашиот фокус од сопствената кариера на луѓето што ги сакате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”3. Мост” active=”false”]Ако видовте мост, вашата најистакната нарцисоидна особина е недостаток на емпатија. Не сте ладна личност, ниту пак овој недостаток на емпатија значи дека сте личност која не е способна да почувствува нешто. Сепак, кога реагирате, вашиот прв инстинкт не е секогаш да внимавате како се чувствуваат другите. Склони сте да им верувате на луѓето кога ќе ви кажат дека се добро, наместо да проверите дали навистина е така. Обидете се да бидете посвесни за тоа како се чувствуваат луѓето околу вас. Тоа ќе биде корисно за подобрување на вашите односи со другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”4. Чамец” active=”false”]Ако видовте брод, вашата најистакната нарцисоидна особина е вашето претерано чувство за самобитност. За да постигнете успех и среќа во животот, мора да бидете подготвени да го оставите своето его настрана и понекогаш да ги прашате другите и да им се обратите за помош. Затоа е важно да имате познанства кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели. Не мора да си го отежнувате животот со претпоставка дека само вие ги имате вештините да завршите која било работа на планетата. Не заборавајте да контактирате со вашите пријатели кога ви требаат. Никој никогаш нема да ве осуди ниту да помисли дека сте лоша личност поради тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете од што треба да се откажете за да бидете среќни.rnrnИзвор: sensa.mondo.rsrnrn -

Тест: Изберете ангел и прочитајте што ќе ви донесе тој во следниот период!
Дали знаевте дека позитивната енергија може да ви помогне да ги исполните сите ваши желби? Кога сте позитивни, вие, всушност, привлекувате убави работи и ете, се случува она што многумина го нарекуваат „чуда“ во животот! Направете го овој тест за да добиете порака од вашиот ангел.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 1″ active=”false”]Ангелот заштитник ве штити од сите неволји. Ако имате проблеми, тие наскоро ќе бидат решени, а успешно ќе ги завршите сите започнати проекти! Не плашете се да дејствувате бидејќи вашиот ангел е тука да ви помогне.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 2″ active=”false”]Ако вашиот избор е ангелот кој ги остварува желбите, не бидете срамежливи. Шепнете му желба на уво (затворете ги очите и замислете) и таа желба ќе се оствари.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 3″ active=”false”]Ангелот на љубопитноста предвидува мала авантура поради која ќе се чувствувате многу подобро. Ви претстојат многу интересни настани![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 4″ active=”false”]Го избравте ангелот кој носи добри вести, а тоа значи дека наскоро можете да очекувате убави вести во вашиот живот. Подгответе се за нив![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 5″ active=”false”]Овој ангел вели дека наскоро ве очекуваат пријатни љубовни чувства. Тоа може да биде ново познанство или романтично изненадување од саканата личност.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете од што треба да се откажете за да бидете среќни.rnrnИзвор: atma.hr -

Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!
Европскиот туризам, мора да се признае, е прилично стар. Градовите Венеција и Рим ја имале репутацијата на најпосетени туристички дестинации уште во 18 век, а во 19 век, пак, Париз, како центар на модата, бил омилената дестинација за американската елита. Сепак, ниту еден од овие градови не може да се спореди со пештера во јужна Шпанија што, како што пренесува CNN, била посетувана уште пред 40 илјади години.rnrn
rnrnПештерите Нерја кои се протегаат во должина од околу 5 километри, се наоѓаат во близина на Нерја (веднаш до Малага) во Андалузија. Тие се познати по нивните сталактити и сталагмити, а откриени се во 1959 година за прв пат по илјадници години од страна на пет пријатели кои барале лилјаци.rnrnДенес, посетителите можат да одат на 45-минутна тура и да уживаат во прекрасната глетка од сталактити, сталагмити и други видови на спелеотеми.rnrnНо, пред неколку илјади години, посетите имале повеќе спиритуален карактер за разлика од денес. Досега во пештерите се откриени 589 праисториски слики (посетителите не можат да ги посетат овие области од конзерваторски причини), а просториите се користеле и за погребни обреди. Истражувачите сметаат дека во овие пештери луѓето доаѓале на „аџилак“ пред повеќе од 40 илјади години!rnrnВо текот на истражувањето биле користени најсовремени техники за датирање со јаглерод – нешто што досега не се користело во пештерите. На тој начин, истражувачите можеле да ја одредат староста на јагленот на земјата, кој останал како резултат од пожари како и од факелите со кои посетителите си го осветлувале патот.rnrnВо текот на истражувањето биле пронајдени и докази за праисториски посетители, за кои досега се сметало дека не оставиле поголема трага во Шпанија.rnrnОткако прочитавте за најстарата туристичка дестинација во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и за светлечките пештери на Нов Зеланд.rnrnИзвор: cnn.com -

Кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?
Секој од нас посакува да живее во поубав и подобар свет. Тоа е особено важно и додека патувате – претпоставуваме дека еден од главните критериуми при изборот на туристичка дестинација е и љубезноста и гостопримливоста на локалното население. Сигурно не би сакале да патувате некаде ќе се чувствувате небезбедно или непожелно и покрај туристичките атракции и знаменитости на тоа место.rnrn
rnrnНа крајот на краиштата, некои градови, односно нивните жители, се повеќе или помалку пријателски расположени. Меѓутоа, ако посетите некој од овие, не треба да се грижите за мирот и пријатната атмосфера.rnrnЕдно истражување имало за цел да открие кои се најпријателските градови во Европа земајќи предвид низа фактори, од стапката на криминал и среќата до ставовите за ЛГБТК+ заедницата.rnrnСпоред студијата, најпријателскиот град во Европа е градот од земјата на часовниците, банките и сирењето – Цирих! Второто место, пак, му е доделено на Копенхаген, исто така во голема мера благодарение на нивото на среќа и прифаќањето на ЛГБТК+ заедницата, додека на третото место се наоѓа Минхен, град со исклучително ниска стапка на криминал.rnrn
rnrnВо првите 10 градови според ова истражување, покрај споменатите три, влегоа и Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин.rnrnОткако прочитавте кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најпријателските земји во Европа.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Зошто 6 јуни е магичен датум?
Денешниот датум, 6 јуни се содржи од броевите 6-6 и може да донесе голем просперитет и да ја отвори вратата за добри трансформации.rnrn
rnrnСеријата од броеви 6-6 е знак дека нè чека енергија на поддршка, оптимизам и креативност. Секој од нас ќе може да ги открие своите таленти и да ја искористи можноста да се докаже. Креативните решенија, пак, ќе можат да решат сериозни прашања и проблеми.rnrnНизата на ангелските броеви 6-6 носи важна порака за љубов и исцелување. Владеењето на овој број ни дава движечка енергија и храброст да им се спротивставиме на искушенијата и да продолжиме да чекориме на патот кон победата.rnrnОвој број е особено погоден за сите оние кои имаат семејни проблеми. Не грижете се, на овој ден имате шанса да воспоставите подобра енергетска врска со членовите на семејството и да ги избришете грешките од минатото.rnrnЕве ги 3-те работи што ги носи 6-ти јуни и серијата 6-6:rn1. Сочувство
rnОвој датум го нагласува сочувството во односите со семејството и саканите. Сè станува многу полесно и поедноставно, силата на љубовта е на ваша страна.rn
2. Хармонија
rnБројот 66 е симбол на хармонија дома, на работа и во многу други области од вашиот живот.rn
3. Безусловна љубов
rnЈа ширите прекрасната енергија на љубовта околу себе и таа ви се враќа двојно.rnrnОткако прочитавте за нумеролошкото значење на бројот 6, можеби ќе сакате да дознаете каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Тест: Изберете број и откријте што ве очекува во јуни 2023 година!
Опуштете се, затворете ги очите и смирете го здивот. Поставете си го прашањето: „Што ме чека во јуни 2023 година и на што треба да обратам посебно внимание?“. Отворете ги очите, слушнете ја вашата интуиција и изберете број – тој го има одговорот на вашето прашање.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 1″ active=”false”]Овој избор ви кажува да не ги туркате работите и да работите колку што е можно со помалку стрес и со забавено темпо. Јуни ќе биде месец на стабилност и мир. Но, тоа не значи дека треба да бидете неактивни и само да го следите текот на нештата. Имате многу брилијантни идеи и желби кои треба да ги реализирате. Направете план за имплементација и размислете кој може да ви помогне да ги решите вашите сомнежи. Доволно е да дејствувате постојано и постепено.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 2″ active=”false”]Овој избор ветува големи промени во животот. Веќе гледате во нивна насока, но поради некоја причина сè уште не сте се одлучиле и не сте направиле чекор кон нив. Ако е тешко да се одлучите и да донесете значајни одлуки, започнете со мали – воведете нова навика или откажете се од нешто старо. Пред вас ќе се отворат нови хоризонти. Тоа може да биде поврзано со промена на работното место, преселување или продлабочување на односите со одредени луѓе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 3″ active=”false”]Во јуни ќе ве измачуваат одредени работи од минатото: поранешни љубовни врски, поплаки, хронични болести. Треба да бидете повнимателни и со финансиските работи, обидете се да ги одбегнете непотребните трошоци. Од друга страна, досегашното искуство може да ви помогне да решите одредени прашања.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 4″ active=”false”]Овој месец ќе ви биде исполнет со комуникација и размена на информации. Ќе бидете полни со идеи кои веднаш ќе сакате да ги спроведете. Затоа, подобро би било првин да се посветите на усовршување на вашите вештини и способности. Ова ќе ви помогне да напредувате на професионален план. Од друга страна, бидете внимателни со околината. бидејќи можеби ќе бидете вклучени во спорови и конфликтни ситуации. Не наседнувајте на провокации и манипулации.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 5″ active=”false”]Јуни ќе биде огнен и страстен месец. Ова не е време за седење со скрстени раце. Ве очекува месец на нови познанства, искористете го и зголемете го вашиот авторитет во очите на колегите и пријателите, а постои веројатност дека ќе бидете наградени за вашиот досегашен труд. Бидете активни и нека предизвиците ви бидат поттик да работите уште повеќе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 6″ active=”false”]Ако долго време размислувавте да промените нешто во вашиот живот, сега е вистинското време. Најдете ново хоби, стекнете нови познанства, патувајте. Можеби во овој момент ви се чини дека сè е тешко, досадно и долго, но резултатот овој пат вреди. Вашата главна задача за јуни е да научите како да бидете флексибилни, како да се прилагодувате на околностите и како да работите напорно доколку сакате да ги остварите вашите цели.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: atma.hr -

Тест: Изберете школка и откријте што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни!
Преку тестовите на личноста можете да откриете многу за себе, некои ваши карактеристики и особини за кои можеби не сте свесни. Овој тест е многу едноставен – треба да изберете една школка од сликата и да ја прочитате нејзината порака за вас:rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 1″ active=”false”]Ако ја избравте оваа школка тоа значи дека сте ги издржале бурите и сега сте многу посилни и помудри поради вашето искуство. Носите лузни, но тоа не значи дека така ќе биде засекогаш. Вие сте чувствително и нежно суштество, но ви треба заштита. Внимавајте доколку сте опкружени со негативни луѓе – обидете се да го ограничите вашето време со нив за да ја заштитите вашата чувствителна природа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 2″ active=”false”]Како оваа школка која наликува на мало сонце кое испушта зраци, и вие испуштате светлина до оние со кои доаѓате во контакт. Не треба да престанете да го испраќате тој прекрасен зрак светлина до луѓето, но неопходно е да станете свесни за вашите сопствени потреби и да си поставите граници. Вие сте важни како и сите останати и мора да знаете дека примањето е исто толку важно како и давањето. Клучот лежи во рамнотежата. Оваа школка има одлична симетрија, па така и вие претпочитате да одржувате сè како што треба во вашиот свет: едноставно и урамнотежено.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 3″ active=”false”]Ако ја избравте оваа школка, тоа покажува дека е време да се ослободите од нешто што повеќе не ви служи. Можете да се промените ако навистина сакате. Тоа е избор кој само вие – никој друг не може да го направи наместо вас. Можеби треба да отфрлите некои ограничувачки верувања засновани на искуства од детството. Можеби треба да ја оставите болката од минатото и да простите за да продолжите понатаму, создавајќи го животот што го заслужувате. Не дозволувајте повеќе да ве контролираат лутината, тагата и фрустрацијата и почнете да ги правите работите со љубов.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!
Одредена храна може значително да го продолжи животниот век, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Скандинавија. Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, сугерира дека одредена храна може значително да влијае на должината на животот. Спротивно на тоа, прекумерното внесување на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да доведе до долгорочни здравствени проблеми.rnrn
rnrnЗа да го спроведат ова истражување, научниците ги користеле резултатите од годишната анализа на причините за појава на болести во Кина, Европа и САД според која се проценува дека неухранетоста е одговорна за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Тие потоа ја споредиле оваа бројка со други анализи, земајќи го предвид ефектот на различната храна врз нашиот организам. Така, тие успеале да одредат специфичен режим на исхрана кој може да го продолжи животниот век:rn- rn 011
- Исхраната треба да биде богата со овошје и зеленчук.
- Не занемарувајте ги грашокот, леќата, сојата.
- Треба да бидат застапени и пченката, овесот и пченицата.
- Исхраната треба да вклучува и јаткасти плодови, како што се бадеми, ф’стаци и ореви.
- Ограничете ја потрошувачката на црвено месо и преработени производи.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСпоред научниците, консумирањето на околу 2000 грама мешунки годишно и намалувањето на внесот на прекумерно солени или слатки производи би можеле да го продолжат животниот век за две години.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
-

Тест: Изберете симбол и добијте совет за вашата моментална животна ситуација!
Погледнете ја сликата и изберете еден од овие три симболи. Симболот што ќе го изберете ќе ви ја даде пораката што ви е неопходна во оваа фаза од вашиот живот!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Ако го избравте првиот симбол, тоа значи дека е време да ја прифатите вашата уникатност и оригиналност. Престанете да се споредувате со другите и верувајте дека сте доволно добри такви какви што сте. Вашите таленти и вештини ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа и да ги исполните вашите најдлабоки желби. Сега е време да му покажете на светот што знаете и умеете![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Овој избор укажува на тоа колку е важно да ги изразите вашите чувства. Не ги потиснувајте вашите емоции и вашето вистинско jас. Без разлика дали тоа е преку уметност, пишување или отворено зборување со другите, вашите зборови и чувства имаат моќ да допрат до срцата на другите луѓе. Дозволете си да бидете ранливи и споделете ја својата вистина. Смело тргнете напред така што ќе бидете подготвени за трансформација и личен раст.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Ако го избравте овој симбол, време е да се ослободите од стравот и да се движите кон вашите соништа и цели. Не дозволувајте пречките да ве спречат или обесхрабрат. Имајте на ум дека вашата сила и упорност се клучни за остварување на вашите амбиции. Затоа, верувајте во себе и во своите способности, бидејќи ве очекува голем успех.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет кој може да ви го промени животот на подобро.rnrnИзвор: atma.hr