КАФЕ ПАУЗА

Category: Слики и илустрации

  • Артист илустрира слатки сеќавања од детството во кои лесно ќе се пронајдете

    Артист илустрира слатки сеќавања од детството во кои лесно ќе се пронајдете

    Детство… Иако сите имаат различни сеќавања од овој значаен период од животот, не постои сомнеж дека тоа е исполнет со многу магија. Толку многу сеќавања изобилуваат со овој период што речиси и да нема место за сите нив во нашиот ум.rnrnrnrnОмарио Брунелеши е англиско-италијански фриленс артист што ги илустрира токму тие слатки сеќавања од детството. Овие неверојатни ремек-дела ќе ви предизвикаат носталгија и ќе ве потсетат на моменти што можеби дури и сте ги заборавиле. Погледнете и уживајте!rnrn rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Не е лесно да се биде уметник во Македонија: Разговор со талентираниот сликар Оливер Настески

    Не е лесно да се биде уметник во Македонија: Разговор со талентираниот сликар Оливер Настески

    Оливер Настески е роден во април 1988 година во Скопје. Тој го завршил своето средно образование во училиштето Лазар Личеновски, и земал факултетска и магистерска диплома од ФЛУ, отсек сликарство. Тој неодамна работел како конзерватор и 2Д илустратор за игри и анимација во Lynx Animation Studios, но исто така подработувал и фриленс на Elance и Upwork. Но, неговата работа сè почесто се насочува кон изработка на слики за клиенти, како и кон фотографирање. Оливер своето слободно време го исполнува со планинарење и фотографирање пејзажи, со цел да се оттргне од гужвите, бидејќи како интроверт тоа отсекогаш го привлекувало. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за овој талентиран артист и фотограф, прочитајте го нашиот разговор со него во продолжение…rnrnrn

    1. Кога прв пат ја забележа желбата за сликање и дали се сеќаваш на твоето прво уметничко дело? Што е тоа што те инспирира да црташ?

    rnЖелбата се појави во детството, уште во основно училиште. Додека сите едвај чекаа да излезат надвор, јас останував во училницата и цртав брзи скечеви по тетратките и учебниците. Буквално цртав сè што прво ќе ми дојдеше на ум. Моето прво уметничко дело беше во шесто одделение кога имаше натпревар за цртање. Во тој период дома имав слика принт од „Читачот“ (The Reader) од Жан-Оноре Фрагонар од која направив репродукција и добив прво место. Поддршката од моите родители и пријатели многу ми значеше и ми даде поголема самодоверба да продолжам со цртање и сликање. Инспирација црпам од повеќе работи, но најмногу ме инспирира природата и нејзините комбинации на бои, тонови и форми кои можат да се најдат во неа.rnrnrn

    2. Како се подготвуваш за сликање? Дали имаш некоја посебна рутина или пак, целосно ѝ се препушташ на инспирацијата кога ќе те освои?

    rnНајпрво го подготвувам платното што треба да се оптегне на блинд рамката и да се грундира, а потоа започнувам со сликање онака како што ми била замислата. Сликам секогаш кога сум слободен, најчесто навечер после полноќ. Желбата за сликање ми е најголема во тој период бидејќи градот „спие“ и нема кој да ми го одвлекува вниманието.rnrnrn

    3. Која е разликата помеѓу цртањето на платно и дигиталното цртање? Во која од овие техники наоѓаш поголемо задоволство и зошто?

    rnРазликата помеѓу сликањето на платно и дигиталното сликање е тоа што кога сликате со масло на платно ја чувствувате текстурата на платното и отпорот на маслото. Резултатите од движењата се инстантни и материјалите се опипливи. Кај дигиталното цртање, што е на мазна површина, ја нема таа разлика во текстурата, ниту пак има отпор. Исто така може да се наиде и на „проблеми“ како доцнење на движењето. Од друга страна пак, кога ќе повлечете потег на платно, не можете толку лесно и брзо да го отстраните како на компјутер и да почнете одново. Мене лично повеќе ми се допаѓа и најголемо задоволство добивам од „масло на платно“, бидејќи ме привлекува тој бавен и едноставен процес на подготовка и сликање.rnrnrn

    4. Што претставува твојата уметност? Дали сакаш да пренесеш некоја порака, или пак црташ за своја душа?

    rnСето тоа што го сликам, го сликам за себе и за свое лично задоволство. Природата ја пренесувам на платно и многу е убаво чувството што го добивам кога ќе завршам со нова слика и ќе креирам нешто ново. Задоволството е најголемо кога го имам готовиот производ пред себе онаков каков што сум го замислувал и емоцијата којашто сум сакал да ја пренесам со него.rnrnrn

    5. Како е да се биде уметник во Македонија? Дали е тешко да се успее и дали може да се живее од таа работа?

    rnМоето досегашно искуство укажува на тоа дека не е лесно да се биде уметник во Македонија бидејќи луѓето сè уште ја гледаат уметноста како непотребен луксуз или луксуз што не можат да си го дозволат. Сепак може да се живее од таа работа преку странски сајтови каде што ги промовирате и продавате своите слики. Друг начин на заработка е сликање по нарачка за луѓе коишто ја сакаат уметноста и можат да си го дозволат тоа.rnrnrn

    6. И за крај, каков совет би им дал на младите уметници во Македонија што сакаат да го претворат своето хоби за цртање во платена работа со полно работно време?

    rnАко го сакате тоа што го работите, најважно е да не се откажувате бидејќи секој почеток е тежок, но со труд и желба се постигнува успех. Потребно е многу работа на ова поле каде што никогаш не престанувате да учите. Секогаш треба да се има одредена доза самокритичност која ве поттикнува на усовршување во својата работа. Треба да научите да се промовирате самите себеси или да најдете некој што ќе го прави тоа за вас. Исто така доста корисно е учеството на натпревари и настани, како и користењето голем број странски веб-сајтови кои нудат услуги за уметници.rnrnrnrnЗапознајте ја и Спасија Филипова, македонска уметница чии реалистични портрети ќе ве остават без здив.

  • Сликарка ги претставува емоционалните моменти во родителството

    Сликарка ги претставува емоционалните моменти во родителството

    Кара Вестерн е млада мајка, која поголемиот дел од времето го минува со нејзиниот мал син, па токму тоа ја инспирирало да ги создаде овие слатки илустрации за животот на младите родители. Иако дејството на нејзините слики е навистина едноставно, тие ќе го допрат секој што има деца.rn

    Детето секогаш се чувствува безбедно во прегратката на мајка си

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Кога боите со 2-годишно дете постојано велите: „Те молам не допирај ме со маркерот“

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Посетата на лекар секогаш изгледа вака

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Времето на мама за разубавување не поминува без прекини

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Секоја прошетка е авантура

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Кога повеќе не можете да го носите детето во вашите раце…

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Потстрижувањето на детето и зачувување на ушите е вистинска победа

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrn

    Спортот и децата се две некомпатибилни нешта

    rnСликарка ги претставува емоционалните моменти во родителствотоrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовта

    Неверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовта

    Кога станува навистина тешко да се опише љубовта, луѓето почнуваат да ја цртаат и да ја сликаат. Како што веќе знаете, некои од најпознатите ремек-дела се инспирирани токму од љубовта. Во продолжение погледнете неколку модерни илустрации од разни уметници кои успеале да го направат невозможното – да ја претстават вистинската љубов.rn

    Неверојатни илустрации од Zipsy

    rnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrnrnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrnrnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrnrnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrn

    Топли и нежни илустрации од Џеон Хјочеон

    rnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrnrnНеверојатни илустрации кои покажуваат што е љубовтаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Илустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош вид

    Илустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош вид

    Дали некогаш сте се запрашале како навистина гледаат луѓето кои имаат проблеми со видот? Филип Барлоу, уметник од Кејптаун, направил серија слики кои живописно ја прикажуваат маката на луѓето со кратковидост.rnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnНа прв поглед делата на Филип изгледаат како фотографии без фокус. Но, овие хиперреалистични маслени слики совршено го доловуваат она што го гледаат луѓето со кратковидост кога ќе ги извадат нивните очила. Овие слики им овозможуваат на другите да разберат како е да се живее со еден од најчестите проблеми со очите.rnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnИлустрации што прикажуваат како гледаат луѓето со лош видrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

    Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

    Самоуката артистка за шминка, позната како Ар Џеј (односно @cakefacerj) го користи нејзиното лице како платно за креирање невообичаени оптички илузии. Користејќи ги четките за шминка како алат за работа, а светлите, разнобојни сенки за очи и пигменти како нејзина палета, импресивното портфолио на Ар Џеј ги илустрира нејзините супериорни вештини и неограничена креативност.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnСо пасија за шминка и уметност, Ар Џеј научила како да ги комбинира овие две вештини, гледајќи безброј туторијали на Јутјуб, направени од други артисти за шминка. Од тогаш, таа се усовршила во креирање голем број креативни ефекти, кои со сигурност ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве натераат да погледнете уште еднаш. Уште поимпресивно, е тоа што Ар Џеј до сега ги има вежбано нејзините креативни мејкап илузии помалку од две години, а веќе име изградено име за себе во индустријата за убавина.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnВо едно нејзино мејкап дело, инспирирано од апстрактните портрети на Пикасо, Ар Џеј го трансформирала нејзиното лице во збунувачка множина од повеќе очи, носови и усни. Во друг, артистката креира зашеметувачка илузија која открива машински, метален лавиринт внатре во нејзината глава. И наместо да размислува која боја на сенка за очи да ја користи, Ар Џеј оди малку понапред и решава да создаде надреален изглед со шест очи и три пара вештачки трепки.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnПогледнете го и ова видео за да дознаете како се одвива целиот процес за создавање на нејзините мејкап уметнички дела:rnrnhttps://youtu.be/J2GpFISWQd0rnrnМоже да ве интересира и оваа мејкап артистка којашто ги претвора своите усни во карактери од поп културата.

  • Уметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборови

    Уметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборови

    Малата пинеална жлезда е лоцирана во центарот на човечкиот мозок и со векови се смета дека е седиште на душата или третото око, односно орган што ја создава духовната конекција и го прави духовното искуство возможно.rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnБидејќи е склона кон калцификација од флуорот во водата и другите токсини во нашата храна, многу луѓе бараат начин како да ја исчистат. Со ова тие чувствуваат дека се доближуваат до духовното и придонесуваат кон будењето на свеста.rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnВежбите и медитациите насочени кон третото око изгледа функционираат. Луѓето кои ја почувствувале космичката енергија што е достапна кога е отворено третото око тврдат дека не постои друго духовно искуство со коешто може да се спореди.rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnМистеријата за пинеалната жлезда е од голема важност, но што се случува кога ќе ја изгубите оваа жлезда поради болест или некаква несреќа? Дали тоа значи дека ќе ја изгубите вашата душа? Дали ова значи дека ќе немате дух или поврзаност со духовната димензија на човечкото постоење?rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnМистеријата на пинеалната жлезда е видлива во уметничките дела на Шон Тортон. Додека студирал уметност, тој развил негов стил кој го буни рационалниот ум и го „допира“ третото око на пинеалната жлезда. Соочувајќи се со сериозна болест, често проследена со манични и визуелни епизоди кои ја откриваат содржината на неговите дела, Шон учел да црта додека страдал од рак на мозокот и тумор во пинеалната жлезда без да знае за тоа.rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnИ самите ќе забележите дека сликите на неговите дела имаат многу симболи и митологија за пинеалната жлезда. Исто како и човечкиот мозок, и неговите дела покажуваат комплексност која не е лесна за разбирање. Но кога ќе земете предвид дека овој стил настанал додека неговата пинеална жлезда била нападната од рак, тогаш можеби ќе ги гледате неговите дела со малку поинакви очи.rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrnrnМожно ли е повредата толку блиску до пинеалната жлезда да отворила некој канал од каде што доаѓаат информации од некоја друга димензија? Дали сличностите во неговите дела со некои древни египетски знаци дека пинеалната жлезда е еден вид портал што може да ја носи свеста во нематеријална димензија каде информациите и инспирацијата можат да се најдат и да се донесат во нашата реалност?rnrnУметник со рак на пинеалната жлезда чии дела ќе ве остават без зборовиrn

    „Страдав од рак на пинеалната жлезда додека посетував училиште за уметност и во текот на тие години моите слики се развија со митологија која укажуваше на пинеалната жлезда, и тоа години пред да знам за нејзиното постоење“, објаснува Шон.

    rnrnНеверојатно, се согласувате?rnrnДоколку ве заинтересира овој мистериозен орган, овде можете да прочитате нешто повеќе за него.rn

  • Артистка со синестезија ги слика на платно песните што секојдневно ги слуша

    Артистка со синестезија ги слика на платно песните што секојдневно ги слуша

    Мелиса МекКракен го црта тоа што го слуша, претворајќи ги песните што ја инспирираат во апстрактни маслени слики. Нејзините дела се исполнети со силни бои и експресивни гестови, правејќи ги навистина уникатни. Артистката од Канзас има ретка невролошка состојба позната како синестезија, што предизвикува нејзиното чувство за слух да предизвика колоритни визуализации на песните. На пример, за неа, џез музиката изгледа како комбинација од сина, бела и златна боја, додека пак поп песните ѝ делуваат светло розово и виолетово. Погледнете дел од нејзините дела и воодушевувајте се на нејзината неверојатна способност.rn

    Саботна вечер

    rnrn

    Ако бев птица

    rn

    rn

    Превисоко летање

    rn

    rn

    Живот во слоеви

    rn

    rn

    Љубовта допира души

    rn

    rn

    Двајца лутачи

    rn

    rn

    Нели беше некако неверојатно

    rn

    rnДали можете да „слушате“ гифови? Не сте единствени!

  • Погледнете ги овие надреални фотоманипулации од 17-годишна Турчинка

    Погледнете ги овие надреални фотоманипулации од 17-годишна Турчинка

    Керам Џијарџи е 17-годишна девојка што живее во Истанбул. Таа обожава да им ги раскажува своите соништа на луѓето преку неверојатните фотоманипулации што ги создава.rn

    „Ја обожавам оваа форма на уметност“, вели таа.

    rnНејзините дела навистина оставаат без зборови и како да се чувствуваат емоциите што артистката ги вложила додека ги правела. Тие се толку моќни, и детално изработени што дури и ќе се почувствувате како да сте во друг свет, во некоја паралелна димензија што има само неколку допирни точки со нашата планета. Погледнете…rnrn rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Масивни инсекти демнат во напуштени згради

    Масивни инсекти демнат во напуштени згради

    Португалскиот уличен артист Одеит неодамна го надополни своето портфолио со неверојатни цртежи од масивни инсекти што делуваат како да ќе ве нападнат во секој момент. Поголемиот дел од неговите дела се наоѓаат во ќошеви, со цел да предизвикаат анаморфен ефект. Погледнете ги овие брилијантни, но застрашувачки дела што ќе ве натераат да се препотите доколку случајно наидете на нив и во живо.rnrn rnrnЌе останете без зборови: Шминкерка користи вистински инсекти во нејзината мејкап рутина!