КАФЕ ПАУЗА

Затемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?

Затемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?

Полната месечина и целосното затемнување ќе се случат на 26 мај, а тоа најмногу ќе влијае врз Стрелците, Близнаците, Рибите и Девиците.rnrnЗатемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?rn

Овен

rnОва затемнување се случува во вашата деветта куќа, што ја рефлектира третата, па ве очекуваат некои настани ако патувате или учите нешто ново. Можни се некои компликации при патување, немири и расправии.rnrnИзбегнете ги сите форми на конфликт и патувања и не расправајте се со семејството, со партнерот и со колегите.rn

Бик

rnОва затемнување на Месечината се случува во вашата осма куќа, што фрла сенка на вашето второ поле, така што ќе бидат засегнати финансиите, вашите и на партнерот. Не се препорачува да позајмувате или да земате заем.rnrnМожно е да се случат транформации во вашата врска или да добиете одредено наследство. Бидете трпеливи.rn

Близнаци

rnОва затемнување се случува во вашата седма куќа на вашите партнерства и животот во јавноста. Многу Близнаци може да се истакнат во јавноста.rnrnИзбегнувајте каква било форма на присилување и двосмислени ситуации во односите. Ова затемнување може повремено да се почувствува во следните шест месеци, затоа бидете многу внимателни како се однесувате кон вашиот емотивен партнер и кон деловните партнери. Соработувајте со блиски луѓе.rn

Рак

rnОва затемнување се случува во вашата шеста куќа, што фрла сенка на дванаесеттата куќа, па може да очекувате промени во дневната рутина на работното место.rnrnКога станува збор за здравјето и за вашата потсвест, не можете да правите сè што ќе посакате, туку треба да бидете добро организирани и да бидете вредни да ги постигнете своите цели.rn

Лав

rnОва затемнување се случува во вашата петта куќа, што фрла сенка на единаесеттата, па можни се промени во љубовта или кај децата, ако ги имате. Сензуалноста е нагласена и љубовта е активирана.rnrnАко немате партнер, постои можност отворено да ги искажете и да ги изразите своите емоции. Пријателството е нагласено, па може да се случи оваа емоција да биде поврзана со долгогодишно пријателство.rn

Девица

rnОва затемнување се случува во вашето четврто поле, што фрла сенка на десеттото, па може да има промена на работното место, несогласување со претпоставените, дискусии со родителите. Некои Девици може да ја сменат работата или да потпишат важен договор.rnrnВашата планета Меркур веќе е во сенка и може да се појават бурни емоции или ненадејни одлуки, па затоа е потребна претпазливост.rn

Вага

rnОва затемнување се случува во вашето трето поле, што фрла сенка на деветтото поле, затоа не се препорачува патување или некаква комуникација водена од емоции, особено со роднините.rnrnМожно е да планирате некои нови проекти, па затоа би било паметно да почекате, бидејќи Меркур не ви дава добра траекторија затоа што е ретрограден до 22 јуни. Потоа може да патувате. Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од умот, туку слушајте наместо да зборувате и да се правите паметни.rn

Скорпија

rnОва затемнување се случува во вашето второ поле, што фрла сенка на осмото поле, па емоциите се поврзани со финансиите. Бидете претпазливи ако вложувате пари во нешто бидејќи некој може да се обиде да ви продаде нешто што подоцна ќе ви предизвика проблем.rnrnРазмислете пред каква било инвестиција и трансакција со пари. Не земајте заем и не задолжувајте се. Бидете внимателни кога станува збор за влегувањето во интимни односи со личност за која не знаете доволно.rn

Стрелец

rnОва затемнување фрла сенка на седмото поле на партнерствата, па затоа треба да внимавате да не претерате кога станува збор за изливот на емоции.rnrnТреба да избегнете сè што може да ве повреди, од физичка активност до излив на емоции и спомени од минатото. Најблиските може да побараат совет од вас, па помогнете им со вашето мислење и искуство. Препуштете им се на чистите и искрени емоции.rn

Јарец

rnОва затемнување се случува во вашата дванаесетта куќа, што фрла сенка на вашето шесто поле. Некои Јарци може да имаат проблем со стравовите и да се вратат во минатото кога станува збор за емоциите.rnrnПоединци може да имаат пречки на работа или нема да знаат јасно што треба да прават следно. Може да направите грешка на работа или некои ваши колеги да се откажат од договорот. Најдобро е да се повлечете и да се одморите од сè.rn

Водолија

rnОва затемнување се случува во вашето единаесетто поле, што фрла сенка на петтото поле, така што акцентот ќе биде ставен на плановите, проектите, пријателите. Од друга страна, љубовта е активна и ако имате деца, тогаш треба да им се посветите ним.rnrnСлободните Водолии може да запознаат љубовен партнер или некој што е нивни пријател може да стане повеќе од тоа.rn

Риби

rnОва затемнување се случува во вашето десетто поле, што фрла сенка на вашето четврто поле, така што може да се случи нешто поврзано со вашата кариера или да започнете некој нов бизнис.rnrnИзбегнувајте ги сите конфликти кога станува збор за семејството и бидете претпазливи од пожар и изгореници. Зајакнете го вашиот углед бидејќи имате можност да постигнете добри резултати на работа, кои исто така ви носат напредок во кариерата.rnrnПрочитајте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур.