На Интернет можете да пронајдете безброј трикови за убавина кои би требало да ви помогнат да изгледате поубаво за малку пари. Но, следниве 12 трикови се навистина сомнителни, па подобро е да не ги применувате.rn
1. Стаклена чашка за полни усни
rnОвој трик е можеби најпопуларниот. Земате мала чаша, ја ставате на усните и вдишувате. Вакуумот кој ќе се создаде во чашата ги „пумпа“ вашите усни.
Резултат: Усните стануваат црвени и потечени. Ако претерате со трикот, можете да завршите и со модринка. Иако трикот е популарен, подобро е да не го користите.rn
2. Кармин за темни кругови под очите
rnЗа да ги сокриете вашите темни кругови, нанесете малку кармин на кожата под очите, а потоа изедначете ја бојата со пудра.
Резултат: Можеби круговите ќе исчезнат, но ќе останете со црвени дамки.rn
3. Совршено нанесен туш со конец
rnЗа овој трик ви се потребни конец и маскара или туш. Ставете маскара (или туш) на конецот, а потоа ставете го на очниот капак. На овој начин би требало да нацртате права линија.
Резултат: Линиите не се рамни и имаат различна големина. Овој трик не функционира.rn
4. Виљушка за контурирање на носот
rnЗа линиите на носот да ги направите прави и симетрични, користете виљушка. Нацртајте ги линиите, а потоа изедначете ги.
Резултат: Линиите изгледаат добро, само не претерувајте со белата боја. Можеби овој трик функционира, но сепак е подобро да го постигнувате ефектот без виљушката.
Продолжува на следната страница…rn

