КАФЕ ПАУЗА

Во кој хороскопски знак е родена вашата љубовна врска?

Во кој хороскопски знак е родена вашата љубовна врска?

Дали се сеќавате на датумот кога почнавте да се забавувате со вашиот партнер? Секако дека се сеќавате бидејќи тогаш ја славите вашата годишнина. Врз основа на датумот на кој се случил вашиот прв страсен бакнеж, одредете во кој хороскопски знак е родена вашата врска и откријте каква иднина ве очекува.rnrnВо кој хороскопски знак е родена вашата љубовна врска?rn

Вашата врска започнала во знакот: Овен (21.03 – 20.04)

rnОва е период на првиот знак во зодијакот, а овенот го претставува детето во сите нас. Тој е тврдоглав и страстен знак кој сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, па поради тоа врската ќе биде страсна, но бидејќи со овој знак владее планетата на војната Марс која е заслужна за караници, раскинувањето и смирувањето ќе биде честа појава во оваа врска.rnrnДобри страни: Никогаш нема да ви биде досадно.rnrnЛоши страни: Темната страна на овенот е себичноста со која е тешко да се справуваме, па затоа морате да имате јаки нерви.rnrnСовет плус: Спортувајте заедно, бидејќи овој знак врие од енергија и доколку добро ја насочите ќе уживате, па дури и во соблекувалната може да ви биде интересно.rn

Вашата врска започнала во знакот: Бик (21.04 – 21.05)

rnНавистина треба да им се завидува на оние кои се заљубиле во време на владеењето на бикот, бидејќи тоа е најсензуалниот знак во хороскопот и тој едноставно ужива во сè. Ако вашата врска започнала во овој период таа ќе биде полна со допири, бакнежи, нежности и секси масажи. Многу ќе уживате во заедничкото излегување во кафичи, дискотеки, изложби и излети.rnrnДобра страна: Со бикот владее Венера, планетата на љубовта, па поради тоа ве очекува галење, бакнување и уживање на секој чекор.rnrnЛоша страна: Штедливоста на биковите сигурно ќе ви смета.rnrnСовет плус: Биковите се господари на подиумот за играње, па затоа забавувајте се и уживајте.rn

Вашата врска започнала во знакот: Близнаци (22.05 – 21.06)

rnОвој период е вистински погодок за започнување врска, бидејќи близнакот е знакот на комуникацијата и затоа проблемите ќе ги решавате по пат на разговор. Поради ова врската ќе опстане долго време, но можеби ќе ви биде потребна малку романтика да ги разбие сите тие разговори.rnrnДобра страна: Секогаш ќе имате за што да разговарате, па макар тоа да биде и обично озборување.rnrnСовет плус: Врската ќе изобилува со секси мејлови, СМС-пораки и ливчиња испишани со разни слатки коментари.rn

Вашата врска започнала во знакот: Рак (22.06 – 22.07)

rnСекоја чест, бидејќи сте го избрале вистинскиот период за започнување врска. Ракот е знакот на семејството и домот и затоа оваа врска има изгледи да прерасне во нешто сериозно. Раковите уживаат во храната, па според тоа можете да се раководите според она дека љубовта оди преку стомакот.rnrnДобра страна: Ќе ви биде многу лесно да ги изразите своите емоции, а особено кога ќе бидете во кревет и заедно ќе гледате филмови.rnrnЛоша страна: Раковите се познати по своите изливи на емоции, па понекогаш можеби ќе се чувствувате како сето тоа да ве гуши.rnrnСовет плус: Сигурно ќе уживате во добри заеднички излегувања.rn

Вашата врска започнала во знакот: Лав (23.07 – 22.08)

rnОваа врска ќе започне бурно, но веројатно бргу и ќе избледи. Лавот е огнен знак и затоа врската ќе ви биде полна со интересни случувања, па никаде и никогаш нема да ви биде здодевно. За жал таквата страст обично не трае долго, но доколку еден од вас е земјен знак (девица, бик или јарец), можете да дадете рамнотежа во врската.rnrnДобра страна: драматични подемиrnrnЛоша страни: драматични падовиrnrnСовет плус: Лавот е најразигран знак, па искористете го тоа и уживајте во спортување, пливање, трчање, а да се биде детинест во оваа врска е задолжително.rn

Вашата врска започнала во знакот: Девица (23.08 – 22.09)

rnДевицата е знак кој сака да се оптоварува со детали, па веројатно освен на датумот кога сте се сретнале, ќе се сеќавате и на сè што сте имале на себе. Овој земјен знак понекогаш е премногу опседнат со детали, па не обраќа внимание на големите работи кои ги пропушта, но и девиците знаат да им се препуштат на страстите кога никој не гледа.rnrnДобра страна: Ќе мислите на сите важни датуми, а околу вас сè ќе биде беспрекорно уредно.rnrnЛоша страна: Ситничавоста понекогаш може да пречи.rnrnСовет плус: Во оваа врска ќе имате план за секоја заедничка активност. Замислете си колку дури и заедничкото миење садови може да биде интересно и забавно.rn

Вашата врска започнала во знакот: Вага (23.09 – 22.10)

rnВагата е добар знак за започнување врска, така што имате голема шанса таа да успее. Темел на оваа врска се хармонијата и грижата за партнерот, но вагата понекогаш знае да ја напушти врската без зборови и тука не може ништо да се стори.rnrnДобра страна: Венера, планетата на љубовта, внимава на вас.rnrnЛоши страни: Вагите честопати се неодлучни, па можеби тешко ќе се одлучите каде да одите, во кино или во дискотека.rnrnСовет плус: Уживајте во галење и излежување или хранете го партнерот со чоколадо, а потоа темелно соберете ги остатоците од него и на тој начин добро ќе ја искористите мрзеливоста на вагата.rn

Вашата врска започнала во знакот: Скорпија (23.10 – 21.11)

rnСкорпијата е знак кој владее со страста, така што ќе ви биде многу убаво доколку вашата врска започнала во време на владеењето на овој знак. Карактеристична за овој знак е мистичноста, но и одмаздата, па затоа внимавајте што правите.rnrnДобра страна: Мора ли да се каже што е тоа? Па се разбира – добар секс.rnrnЛоша страна: Ако тргне нешто наопаку, работите би можеле да станат опасни.rnrnСовет плус: Врската во знакот скорпија ќе ви открие некои нешта кои не сте ги знаеле за себе.rn

Вашата врска започнала во знакот: Стрелец (22.11 – 21.12)

rnВие сте во светот на авантурите и ќе уживате во страсни моменти ако вашата врска започнала во знакот стрелец, но можеби таа нема да трае долго, бидејќи стрелците секогаш сакаат нешто ново.rnrnДобра страна: Оваа врска ќе биде динамична и со многу пресврти, кавги и смирувања.rnrnЛоша страна: За стрелците тревата е секогаш позелена на некое друго место.rnrnСовет плус: Стрелецот е знак кој обожува патувања, па ако врската сте ја започнале во време на неговото владеење, искористете го тоа максимално и тргнете на заедничко патување.rn

Вашата врска започнала во знакот: Јарец (22.12 – 20.01)

rnАко сакате долга врска, а сте ја започнале во знакот јарец, тогаш сте го избрале вистинскиот момент. Може да ви се случи да останете со партнерот сè додека смртта не ве раздели, но таквата врска носи и поголема одговорност. Понекогаш може да ве нервира проблематичноста на јарецот.rnrnДобра страна: Можете да остварите сè што ќе замислите и тоа заедно.rnrnЛоша страна: Јарецот е студен знак, па доколку не сте припадник на некој огнен знак работите би можеле да бидат прилично смрзнати.rnrnСовет плус: Поминувајте го заедно целото слободно време и вашата врска ќе процвета.rn

Вашата врска започнала во знакот: Водолија (21.01 – 18.02)

rnОд сите знаци во зодијакот водолијата најмногу ужива во својата оригиналност и различност, па ако вашата врска започнала во овој период ќе трае онолку долго колку што ќе си дадете простор за слобода еден на друг.rnrnДобра страна: Заедно можете да го освоите светот, доколку ја почитувате слободата на партнерот.rnrnЛоша страна: Водолијата не е особено страстен знак, но ако се потрудите би можеле да успеете.rnrnСовет плус: Водолијата е секогаш спремна за лудости.rn

Вашата врска започнала во знакот: Риби (19.02 – 20.03)

rnКога сте се сретнале веројатно веднаш сте почувствувале дека сте создадени еден за друг. Тие кои се заљубиле во знакот на риби ќе уживаат во времето кое ќе го поминуваат заедно, бидејќи рибите се нај романтичниот и нај емоционалниот знак. Вие и вашиот партнер ќе си создадете сопствен свет.rnrnДобра страна: Креативна и романтична заедница во која ќе уживате.rnrnЛоша страна: Ќе имате проблем да се вратите во реалноста.rnrnСовет плус: Рибите обожуваат да дегустираат разни пијалаци и да уживаат во добра музика. Во секој случај ќе ви биде убаво и забавно.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.