КАФЕ ПАУЗА

Венера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!

Венера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!

Со влегувањето на Венера во знакот Риби универзумот го истакнува сето она што е туѓо, ирационално, непознато, тајно, скриено и платонско. Таквата енергија ни носи и посебен вид задоволства. Се заљубуваме во далечините, во ликови кои не постојат… Покрај тоа, оваа енергија ни навестува дека и дојде времето да се остварат нашите соништа.rnrnВенера во Риби: Време е да покажеме што знаеме!rnrnПреминот на Венера во Риби ни носи и лекција за убавината – за тоа какви сме или какви сакаме да бидеме. Лекција за она што навистина го мислиме за себе, но и за тоа каков впечаток му оставаме на светот околу нас. Затоа, ова ќе биде идеален момент да ги преиспитате концептите на убавината и љубовта, но и да се анализирате самите себеси.rnrnМногумина од нас се борат за да постигнат некакви идеали за убавина наметнати од општеството! Многумина се чувствуваат помалку вредни бидејќи не ги достигнуваат тие идеали! Ставете им крај на таквите мисли, ставете крај на ниската самодоверба. Зошто? Затоа што вие сте единствени сами по себе.rnrnШто и да ви се случува на љубовен план во овој период, не се измачувајте со залудно барање одговори. Многу работи ќе ви бидат неразбирливи. Многу нешта ќе бидат скриени од вас. Сепак, поставете граници во поглед на довербата кон другите.rnrnНе обидувајте се да ги сфатите емоциите кои отсекогаш ви се чинеле мистериозни. Сфатете дека не постои секогаш логично објаснување за сите работи.rnrnБидете храбри, оставете ги мислите за она што било таму каде што припаѓаат и не плашете се да го направите првиот чекор напред.rnДали е важно кои сме, од каде доаѓаме и каде одиме? Дали ни е неопходно да го знаеме одговорот на сите овие прашања? Дали навистина е важно да имаме логично објаснување за сè? Работите нема да се променат на тој начин бидејќи сè уште ќе се борите со непознатото.rnrnНаместо тоа, препуштете му се на мигот и дозволете интуицијата да ве води!rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе Венера во знакот Риби, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 11 до 17 април.rnrnИзвор: atma.hr