КАФЕ ПАУЗА

Што треба да направи секој хороскопски знак после раскинување?

Девојки, заборавете на самосожалувањето, еве го вистинскиот потег кој ќе ве врати во живот после раскинувањето. Можеби нема комплетно да ги избрише болката и разочарувањето, но инстантно ќе го подобри вашето расположение.rnrnshto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-posle-raskinuvanje-kafepauza.mkrn

Овен

rnДоволно долго ги грицкавте ноктите и размислувавте што ќе се случеше ако му го речевте ова или она, ако постапевте вака или онака… Време е за нова фризура. Ако никогаш не сте го направиле тоа порано, сега е време да извлечете прамени во друга боја.rn

Бик

rnБезрезервно прифатете ги здравите промени. Не давете ја тагата во море од слатки, бидејќи штетата што тие ќе ја предизвикаат ќе ве направи уште понесреќни. Фрлете се на здрава храна. Вежбајте и експериментирајте со шминката.rn

Близнаци

rnВие сте одлични во давањето совети на пријателите кога тие имаат љубовни проблеми. Зошто тогаш ви е толку тешко да си помогнете себеси? Не гледајте наназад. Не се оствари вашето заеднично патување? Големо чудо! Спакувајте ги куферите и отпатувајте со пријателка.rn

Рак

rnФрлете од дома сè што ве потсеќа на него. Фрлете ги слатките кои тој сакаше да ги јаде додека гледа телевизија и посветете се на здрав животен стил. Не заборавајте и на сладоледот во замрзнувачот!rn

Лав

rnНе дозволувајте заминувањето на поранешната љубов да ве забуни и тоа да се гледа на вашето лице. Ставете малку појака шминка, и тоа нека светка.rn

Девица

rnХранете се здраво и вежбајте за да имате постојан извор на енергија која толку ви е потреба. Исто така пробајте го новиот златен тренд – ставете малку златно на очите, а гардеробата освежете ја со златни аксесоари.rn

Вага

rnНе одбивајте ги пријателите кога ќе ве поканат на некој роденден или ќе ве викнат за излегување. Исто така посветете си еден цел ден само на себе. Одете во теретана, на базен, на масажа. Вакво нешто ви е потребно за релаксација и опуштање.rn

Скорпија

rnВреме е за промени. Било да се работи за вашата долга права коса каква што вашиот бивш најмногу ви ја сакаше или фармерките во кои скиснавте затоа што обожаваше да ве гледа во нив. Сè што ве потсеќа на старите времиња – оставете го баш таму.rn

Стрелец

rnПрестанете да фрлате пари на хартиени марамчиња и престанете да се измачувате себеси со прашањата од типот „зошто не му реков…“ . Запишете се на јога. Важно е да се мрднете од мртва точка.rn

Јарец

rnДоста е со тажните изрази на лицето. Купете си нова маскара, пробајте ново руменило.rn

Водолија

rnВреме е да се вратите меѓу луѓето. Сигурно сте ги запоставиле пријателите додека бевте на седмо небо. Ако тие и понатаму ви останале наклонети, време е да им надоместите за пропуштеното.rn

Риби

rnПрославете го завршувањето на една љубов така што ќе си купите нова чанта во некоја јака боја. Запишете се на самба и ќе видите сами – веднаш ќе се вратите од мртвите.