КАФЕ ПАУЗА

Што кажува хороскопскиот знак на вашата сродна душа за вас?

Што кажува хороскопскиот знак на вашата сродна душа за вас?

Веќе знаете дека вашиот хороскопски знак открива многу за вас и за вашиот карактер. Но, дали знаевте дека и хороскопскиот знак на вашиот партнер може да ви каже многу? Според астрологијата постои причина зошто сте одбрале личност токму со тој знак, а во продолжение откријте ја вашата.rnrnШто кажува хороскопскиот знак на вашата сродна душа за вас?rn

Овен

rnВие сте одбрале Овен бидејќи не сте заинтересирани за предвидлива врска – сакате страсна и огнена авантура. Вие сакате возбуда и спонтаност, некој што може да го претвори и најздодевниот викенд во авантура. Вие сакате некој којшто ќе ве натера да пробувате нови нешта, а не некој што ќе ви се придружи на каучот и ќе ве држи во удобната зона.rn

Бик

rnСте одбрале Бик бидејќи барате стабилност. Вие сакате партнер кој е постојан и на којшто можете да му верувате. Повеќе не сакате врски со личности што ве лажат и ве разочаруваат. Сакате некој кој ќе биде искрен со вас без да покажува непочитување. Сакате некој кој е подготвен за сериозна врска.rn

Близнаци

rnСте одбрале Близнаци бидејќи сакате флексибилен партнер кој се движи со текот на нештата. Сакате некој кој е возбуден за вашата иднина и покрај тоа што ниту еден од вас не знае каде ве водат патиштата. Сакате некој што не се плаши од непознатото, некој со отворен ум, бидејќи не е важно каде ќе ве однесе животот сè додека сте заедно.rn

Рак

rnСте одбрале Рак бидејќи не сакате да бидете личноста што се грижи повеќе во врската. Сакате сериозна врска со некој кој вложува исто колку и вие. Некој кој ќе ги откаже неговите планови за вас без многу размислување. Некој кој прави да се чувствувате ценето и којшто ве става на прво место.rn

Лав

rnСте одбрале Лав бидејќи ве привлекуваат луѓе со амбиција, луѓе кои знаат што сакаат од овој свет и ќе направат сè за да го добијат тоа. Сакате врска што ве предизвикува и ве тера да станете најдобрата верзија од себе. Не сакате да станете мрзливи, сакате да бидете со личност која го гледа вашиот потенцијал и го стимулира вашиот развој.rn

Девица

rnСте одбрале Девица бидејќи го цените вниманието на деталите. Вие сте импресионирани од работната етика на Девиците. Воодушевени сте од нив бидејќи изгледаат силно однадвор, но всушност се навистина меки однатре. Тие се совршена рамнотежа помеѓу „слатки“ и „опасни“, а ова значи дека ќе ви кажат ако грешите, но и ќе ве тешат кога ќе бидете повредени.rn

Вага

rnСте одбрале Вага бидејќи сте романтичар. Сакате да ве облеваат со внимание и да ве бркаат. Сакате да шетате на плажа држејќи се за рака и да се галите под масата за време на ручек. Сакате врска во која ќе се чувствувате сакани, па дури и разгалени. Сакате личност која ќе ви го дава целото внимание што ви е потребно.rn

Скорпија

rnСте одбрале Скорпија бидејќи сакате да се состанувате со вашиот најдобар пријател. Сакате да бидете со личност која се смее на вашите шеги, ви пишува пораки со часови и ги мрази истите луѓе како и вие. Сакате врска во којашто ќе се чувствувате разбрано и во која ќе бидете дел од тим.rn

Стрелец

rnСте одбрале Стрелец бидејќи ви е навистина важна физичката поврзаност. Чувствувате искра кога се држите за рака, имате пеперутки во стомакот секогаш кога ви го бакнуваат вратот, а сексот е неверојатен. Се чувствувате навистина блиско со оваа личност бидејќи имате неверојатна поврзаност. Нема потреба да зборувате за да знаете за што размислувате.rn

Јарец

rnСте одбрале Јарец бидејќи ве привлекува интелигенцијата. Навистина ви се важни долгите, детални разговори. Сакате личност со којашто можете да дискутирате за серии, но и личност со којашто можете да разговарате за тајните на универзумот. Не сте среќни доколку не сте продуктивни, а Јарецот ќе ве потсетува колку многу можете да му дадете на овој свет. Јарецот ќе ве турка кон успехот секој ден.rn

Водолија

rnСте одбрале Водолија бидејќи не сакате да се чувствувате згушено. Сакате да имате ваш живот, да имате време за пријателите, но сакате и врска полна со љубов. Потребна ви е личност која може да ги балансира разните аспекти од животот, а оваа личност е Водолијата. Овие луѓе се независни, но сепак ќе ви праќаат љубовни писма и слатки пораки. Ќе ви дадат простор, но ќе бидат до вас секогаш кога ќе ви требаат.rn

Риби

rnСте одбрале Риби бидејќи сте воодушевени од нивните социјални вештини. Го сакате тоа што можат да ги насмеат сите нивни пријатели. Го сакате тоа што одлично се сложуваат со вашите родители. Сакате што ви е удобно кога сте во иста просторија. Тие ви ја зголемуваат самодовербата бидејќи кога ќе ве видат со нив е исто како да ве виделе со славна личност. Кога сте со ова личност сите се импресионирани од вас и сите сакаат да ве запознаат.rnrnДознајте и која е вашата сродна душа според хороскопскиот знак.