Земјениот знак Бик е под влијание на Венера, планетата на убавината и љубовта која му подарила привлечен изглед, шарм и сензуалност. Тие се големи заводници, но за разлика од Вагите кои благодарение на Венера имаат кокетна и разиграна природа, Биковите се промислени и умерени во љубовните игри. Во флерт се впуштаат исклучиво само ако предвидат дека ќе ја остварат својата цел, било да се работи за врска или сексуален однос. Во продолжение прочитајте како се однесуваат во љубовта машките и женските припадници на овој хороскопски знак…rnrn
rn
Маж роден во знакот Бик
rnТипичниот машки Бик е дотеран и шармантен џентлмен кого жените го обожаваат. Тој има пријатен физички изглед, лице со правилни црти, широки рамена и добро држење. Привлечноста не му се намалува дури и ако качи некој килограм повеќе. Во младоста е склон кон љубовни авантури, но како што старее, така неговата потреба да се смири и да основа семејство станува поизразена.rnrnКога ќе се заљуби му треба доста време да собере храброст за да преземе нешто. Промислен е и по малку флегматичен, поради што не се впушта лесно во играта на заведување, но кога ќе тргне, не прифаќа неуспех. Сака убави и дотерани жени, но не паѓа само на изгледот. Ќе го освои сензуална и страсна партнерка, а убаво би било и да е одлична готвачка и домаќинка.rnrn
rnrnТој покрај себе сака верна и доверлива партнерка со која ќе може да изгради стабилен дом, а за возврат нуди посветеност и лојалност. Тој кон својата избраница се однесува многу нежно и внимателно, така што во животот со него нема да чуете високи тонови и тешки зборови. Тој е издржлив љубовник кој рамноправно ги задоволува своите и потребите на партнерката.rn
Жена родена во знакот Бик
rnОваа згодна и сензуална жена ретко кого остава рамнодушен. На нејзиното лице со правилни црти се истакнуваат полните усни и густата коса, а најголем адут ѝ се совршените облини со кои ја скокотка фантазијата на посилниот пол. Секогаш има по некој додворувач, но не се впушта лесно во врска. Таа има традиционален поглед кон светот и не сака таа да го презема првиот чекор кога станува збор за играта на освојување.rnrnЍ треба силен и лојален партнер на кого ќе може да се потпре, така што мажот што ќе ја освои мора да биде упорен, трпелив и внимателен. Дури кога ќе ѝ докаже дека неговите намери се сериозни, жената Бик се опушта и станува подготвена за врска. Кога ќе се заљуби и ќе стекне доверба во партнерот, станува идеалната партнерка која потполно се предава на љубовта. Сексот со неа е фантастичен бидејќи е страсна и внимателна, па знае како да го задоволи партнерот.rnrn
rnrnПо природа е голем хедонист, така што животот со неа е пријатен и удобен. Ѝ одговара партнер кој на истиот начин знае да ужива во животот, природата, уметноста и вкусната храна. Како партнерка е верна и лојална и подготвена е да направи сѐ за семејството луѓето кои ги сака.rnrnТврдоглава е и тешко ги признава грешките, но не сака да се кара и не сака да внесува немир во нејзиното опкружување. Знае да биде љубоморна и посесивна, но како што поминува времето, таа станува потолерантна.