Навистина е страшно тоа што во модерните љубовни врски мора да бараме од партнерот да нѐ почитува. Не би требало да ги молиме нашите партнери за тоа, но за жал денес токму тоа се случува. Ова се неколкуте работи кои секој човек ги посакува од врската, а кои не би требало да ги побара за да ги добие…rnrn
rn
Партнер кој ќе нѐ почитува
rnПод ова се подразбира партнер кој не се однесува насилно со нас, не нѐ навредува, не се шегува на наша сметка и не нѐ третира како нешто минливо. Проблемот е што мораме да бараме од луѓето да се однесуваат кон нас со почит поголемиот дел од времето. И на крајот пак се соочуваме со некултурно извисување, навреди и непочитување.rn
Партнер кој ќе нѐ смета за рамноправен член во врската
rnСо други зборови не би сакале да бидеме единствените кои ги завршуваат сите домашни обврски и се грижат за финансиите. Фактот што толку многу жени мораат да им досадуваат на нивните партнери да го средуваат нередот што го оставаат зад себе е навистина тажен.rn
Партнер кој ќе го цени тоа што го правиме
rnНе би требало никогаш да го побараме ова. Меѓутоа, поголемиот дел од мажите и жените не го ценат трудот што го вложува нивниот партнер и го земаат здраво за готово.rn
Бараме врзување
rnМногу млади луѓе едноставно не се подготвени или не сакаат да се врзат. Сакаат да поминат што е можно повеќе партнери и да искусат што е можно повеќе работи, пред да се врзат во сериозна врска. Ова е неверојатно честа појава и луѓето кои посакуваат стабилен партнер се навистина ретки.rn
Партнер кој ќе нѐ посакува
rnРомантичните врски не се воопшто романтични без секс. Не би требало да бараме од нашите партнери да нѐ посакуваат на сексуален начин.rn
Партнер кој ќе ни дава внимание
rnПостојат многу луѓе кои буквално мораат да го молат партнерот за малку внимание. Нормално, дека не треба секоја секунда од денот да ја поминувате заедно, но една обична порака за „Добра ноќ“ би требало да биде секојдневен дел од секоја врска.rnrn
rn
Партнер кој ќе биде тука за нас и во добро и во лошо
rnПорано луѓето биле тука еден за друг. Денес, многумина исчезнуваат истата секунда кога нештата тргнуваат наопаку. Каде е лојалноста и верноста? Тоа се основните работи кои би требало да ги очекуваме од секој меѓучовечки однос.rn
Партнер кој е финансиски стабилен
rnОва не е толку важно како останатите работи, но финансиската стабилност може да спречи многу потенцијални проблеми во врската. Не мора да излегувате со милионер, но важно е да располагате со горе-долу истите финансиски средства.rn
Партнер кој е психички стабилен
rnМладите луѓе денес воопшто не се ниту психички, ниту емоционално стабилни. Лошата вест е што тоа го дознаваме дури по некое време, кога веќе сме ја изгубиле главата по нестабилната личност и веќе е предоцна. Најголем виновник за оваа појава е модерното општество и изместените морални вредности кои тоа ги наметнува.rn
Партнер кој не е површен
rnМногу луѓе веднаш се залетуваат по физичкиот изглед и сите други недостатоци ги игнорираат. Општеството не тренира така што првото нешто што го забележуваме кај луѓето е нивниот изглед. Многу често забораваме дека еден човек не го сочинуваат само неговите надворешни карактеристики.rn
Партнер кој нема да нѐ повреди
rnПод ова се подразбира дека партнерот нема да ни нанесе болка ниту на емоционално ниту на физичко ниво. Зарем е премногу да се бара ова?