КАФЕ ПАУЗА

Њујорк во своето најдобро светло

Њујорк во своето најдобро светло

Тајмлапс видеата се еден од најпопуларните трендови периодов, а градот Њујорк отсекогаш бил најжешкото место за снимање поради неговата убавина. Семјуел Ор сакајќи да направи нешто многу покреативно го пренесе целиот концепт на сосема ново ниво со негово видео „New York Day“.rnrnЊујорк во своето најдобро светлоrnrnФотографот се надева дека ќе создаде серија од тајмлапс видеа кои ќе го покажат вистинското светло на животот и луѓето во овој сјаен град. Секое видео е кратка приказна – луѓето „оживуваат“ наутро на својот пат, живеејќи го својот ден и потоа полека сè се стивнува во текот на вечерта – сè ова со цел да се покаже како изгледа еден просечен ден во Њујорк. Ор вели дека со вклучувањето на вистинските звуци од градот се овозможува „моментално искуство“, исто како вие токму сега да се наоѓате таму.rn
rn

„Знае да биде малку тешко да се снима тајмлапс на место како Њујорк. Луѓето се предизвик, но генерално се добри, заинтересирани и од голема помош. Или бар не ве малтретираат – освен оној човекот кој беше загрижен затоа што сум правел многу фотографии од Empire State Building.“

rnПатот на Ор кон тајмлапс фотографијата бил неочекуван. Тој започнал како екологист, правејќи документарни филмови за природата. За тоа време, тој сфатил дека тајмлапсот е одличен начин да се демонстрира како пејзажите и растенијата се менуваат со тек на време.rnrnНо снимајќи во Њујорк, неговата перспектива за природата наспроти убавината на градот целосно се сменила.rn
rn

„Гледајќи ја оваа снимка, сфатив дека пејзажите во градот се менуваат исто толку неверојатно како и оние природните.“

rnrnrnrnПланот на Ор е да направи повеќе тајмлапс видеа, фокусирајќи се на различни сезони во градот и потоа да го претвори видеото кое претставува еден ден во Њујорк, во видео кое ќе ни ги покаже сите промени на градот во текот на една година.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn