Не можете да судите за книгата по нејзината корица, но едно ново истражување спроведено од „BBC“ ни сугерира дека можете многу да откриете за една личност од нејзиното лице. Погледнете ги 3-те фацијални карактеристики кои откриваат најмногу нешта…rnrn
rn
Структура на коските
rnДали вашето лице е кратко и широко или долго и слабо? Една студија спроведена од Универзитетот во Англија открила дека луѓето со високо ниво на тестостерон најчесто имаат широко лице и истакнати коски на јаболкниците. Оваа група, според истражувачите, најчесто е понаметлива и понекогаш дури и поагресивна. Друга студија на мајмуни открила дека колку е пошироко лицето на животното, толку се поголеми шансите тоа да има повисок ранг во групната хиерархија.rn
Бебешки маснотии
rnДоколку имате буцкасти образи или вишок бебешки маснотии на вашето лице, вие можеби сте посклони кон инфекции. Истражувачите изјавиле дека оние кои имаат потенко лице многу поретко страдаат од инфекции и кога тоа ќе се случи, ефектите не се толку сериозни. Всушност, исполнетоста на вашето лице наводно открива многу повеќе за вашата тежина отколку индексот на телесна маса. Послабото лице може исто така да индицира намален ризик од депресија и анксиозност, бидејќи менталното здравје е поврзано и со општата физичка подготвеност.rn
Боја на кожа
rnИстражувачите од Универзитетот Глазгов во Шкотска се согласуваат дека екстремно суптилните бои на кожа, неповрзано со етничката група, можат да откријат многу за животниот стил на одредена личност. На пример, доколку нечија кожа е малку жолта или златна, тоа значи дека тие се екстремно здрави. Оваа нијанса настанува од пигментите кои се познати како каротеноиди, како резултат на јадење портокалови и црвени овошја, како и зеленчуци кои го подобруваат имунитетот. Кога ќе изедете доволно големо количество од нив, тие се насобираат во кожата и ја бојат жолтеникаво. Тие можат да се забележат бидејќи не биле искористени при борбата со болести.rnrnРозовото лице, од друга страна, може да биде знак дека таа личност води активен животен стил и има добра циркулација. Кај жените, оваа боја може исто така да биде и знак за плодност. Истражувачите откриле дека кај жените оваа боја најмногу се забележува на врвот на нивниот менструален циклус, кога хормонот естрадиол предизвикува крвните садови во образите полека да се зголемат. Ова може да биде една од причините зошто се верува дека жените се поатрактивни за време на овулацијата.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.