Почетокот на годината е добро време за афирмации што ќе ве инспирираат и ќе ви бидат водечка нишка кон подобар и посреќен живот. Афирмациите се позитивни и охрабрувачки зборови што треба постојано да си ги повторувате, дури и ако на почетокот не верувате дека се точни. Тие можат да ви помогнат да ја надминете негативноста и да ве мотивираат да започнете да ги преземате потребните чекори за да ги постигнете вашите цели. Истражувањата покажуваат дека афирмацијата може да ги активира центрите на мозокот задолжени за наградување и да помогне да се направат трајни, позитивни промени во однесувањето.rnrn
rn
Овен
rnЈупитер и Сатурн влегоа во Водолија, во 11-тата куќа на Овенот за тимска работа и технологија. Огнениот и независен Овен може да ја искористи оваа енергија за да ги одржува соработката и пријателството.rnrnАфирмација за зајакнување на пријателствата: Луѓето со кои сум опкружен ме поддржуваат и ми помагаат во моите напори.rn
Бик
rnОвој земјен знак ќе биде среќен кога ќе слушне дека 2021 година нуди многу поголема стабилност од 2020 година. Јупитер и Сатурн во Водолија и амбициозната 10-та куќа му дозволуваат на Бикот да ги претвори своите идеи во реалност.rnrnАфирмација за структурата и поставувањето на целите: Јас се засновам на мојата визија и секој ден работам за да го постигнам тоа.rn
Близнаци
rnМинатата година беше интензивно емотивна и тоа ги спречи возвишените Близнаци да се усогласат со својата цел. Но, кармичкиот северен јазол во Близнаци во 2021 година ќе биде неверојатен поттик за нив да ја остварат својата крајна цел.rnrnАфирмација за усогласување со целта: Јас сум усогласен и ја заслужувам мојата крајна цел.rn
Рак
rnЗа Ракот, 2020 година беше најважна за балансирање на односите и врските што ги споделува со другите. Сега, во 2021 година, тие врски можат да бидат подлабоки, што му овозможува на Ракот да извлече максимум од своите најсилни врски.rnrnАфирмација за посилни врски: Моите врски се избалансирани, зајакнувачки и силни.rn
Лав
rnНа Лавот му претстои година фокусирана на љубовна врска и затоа ќе биде исклучително важно да ѝ даде приоритет на грижата за себе. Штом Венера ќе влезе во Јарец, во велнес-зоната на Лавот на 5 ноември, луѓето родени во овој хороскопски знак може да се чувствуваат како малку потрошени, како да имаат недостаток на енергија. Затоа, во никој случај не треба да заштедувате на времето посветено на себе и на вашите потреби.rnrnАфирмација за самопомош: Јас ги поддржувам своите потреби и поставувам здрави граници.rn
Девица
rnАко има знак кој е познат по својата структура и организација, тоа е Девица. По хаотичната 2020 година, 2021 година ќе ве врати на вистинскиот пат, дозволувајќи ви да се рефокусирате. Оваа година ќе ви ги врати режимот и рутината што ги сакате и ви се потребни за да се чувствувате смирено.rnrnАфирмација за градење: Мојата рутина ме одржува свежа, организирана и здрава.rn
Вага
rnВагите треба да се подготват за гламурозна и социјална година, со Јупитер и Сатурн во Водолија и тоа е големо олеснување по претходната година помината во изолација. Креативните вибрации ќе бидат силни со потенцијал за голем проект поврзан со страстите и со доза на романса.rnrnАфирмација за креативност: Мојата креативност е безгранична, инспиративна и магична.rn
Скорпија
rnЗа Скорпијата, 2021 година е основа за семеен живот и грижа за себе. Тоа може да биде пуштање корени таму каде што се наоѓа или преселување на некое ново место. Луѓето родени во овој хороскопски знак може да очекуваат година која е насочена кон домот и семејството.rnrnАфирмација за негување на основата: Мојот простор и оние во него се безбедни, смирени и полни со поддршка.rn
Стрелец
rnСтрелецот ќе биде задоволен кога ќе слушне дека 2021 година ќе биде многу поразновидна од 2020 година. Овој огнен знак може да очекува да го окупираат многу луѓе и проекти, но мора да биде внимателен да не прегори од работа.rnrnАфирмација за избалансирана активност: Мојот живот е полн со авантура што ме осветлува однатре.rn
Јарец
rnСамооткривање и длабоко размислување е името на она што му се случи на Јарецот во 2020 година. Во 2021 година, Јарците можат да го искористат она што го постигнале на духовно ниво – да создадат подобри можности и посреќен живот.rnrnАфирмација за нов почеток: Секој ден имам нова можност да бидам најдобар.rn
Водолија
rnПо големиот спој на Јупитер и Сатурн во Водолија на 21 декември 2020 година, претстојната година ќе биде сè, само не здодевна за Водолијата. Ги очекуваат големи промени и нов начин на постоење.rnrnАфирмација за промена: Јас се справувам со промените јасно, грациозно и мудро.rn
Риби
rnРибите можат да се подготват да нурнат длабоко во 2021 година бидејќи тоа може да им донесе духовна или уметничка ренесанса. До пристигнувањето на летото, луѓето родени во овој хороскопски знак може да очекуваат многу заздравување и ослободување. Тие треба полека да му се препуштат на тоа и да не се плашат од вистинските чувства.rnrnАфирмација за ослободување: Отпуштив сè што веќе не ми служи на мојот пат кон заздравувањето.rnrnПрочитајте што сакаат да подобрат кај себе хороскопските знаци во новата година.