rn
Вага
rnВо деновите што следуваат ќе почнете да се фокусирате на вашиот дом како и на односите со вашите најблиски. Ќе наидете на проблеми кои ќе сакате да ги игнорирате но тоа никаде нема да ве одведе. Наместо игнорирање, искористете ја моќта што ви стои на располагање и ќе видите дека може да постигнете дури и подобри резултати од очекуваното.
rn
Скорпија
rnОваа недела внимавајте да не потрошите повеќе од очекуваното затоа што тоа може да се одреди негативно врз вашите финансии. Од друга страна, спојот на Венера со Плутон ќе придонесе за интензивирање на вашиот сексапил па ова би било идеалниот момент да ги подобрите односите со партнерот или да прифатите покана за состанок.rn
Стрелец
rnИако оваа сезона е поврзана со вашиот роденден, сепак не е време за претерано уживање или преземање ризици. Искористете го влијанието на Нептун за да ја истражите својата креативност. Конјукцијата помеѓу Венера и Плутон ќе се одрази позитивно врз вашата финансиска состојба.rn
Јарец
rnОваа недела ќе се чувствувате особено амбициозни и ќе бидете полни со самодоверба. Мислата дека можете да го освоите светот ќе ви се врти постојано во умот. Конечно ќе дојде моментот кога ќе бидете наградени за вашите долгогодишни напори, било на приватен, било на професионален план. Иако сè уште постојат аспекти кои треба да ги подобрите, сепак треба да се радувате на фактот дека сте на добар пат.rn
Водолија
rnВе очекуваат добри вести во поглед на кариерата. Околу средината на неделата, Месечината ќе биде во вашиот знак што најверојатно ќе придонесе да се чувствувате носталгични за минатото. Иако оваа година беше исклучително тешка за вас и ви донесе значителни промени, сепак обидете се да си дадете време за закрепнување. Само така ќе се соочите со новите предизвици.rn
Риби
rnВо следниот период ќе ви биде тешко да се фокусирате на задачите. Ако можете одвојте време за да се одморите или барем почнете со медитација. Доколку уметноста ви е силна страна, оваа напнатост може да ви послужи како поттик за да истражите некои од уметничките замисли што ви биле на ум.
Откако прочитавте што ви предвидуваат астролозите за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и краток годишен хороскоп за 2022 година.
Извор: myimperfectlife.com

