КАФЕ ПАУЗА

Краток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!

Краток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!

Годишниот хороскоп за 2022 година ветува значителни промени. Од астролошките настани од особено значење ќе биде парадата на планетите: Јупитер, Венера, Сатурн, Месечината, Нептун и Марс, која ќе се одржи на 12 јуни. Во оваа насока, астролозите очекуваат дека годината ќе биде особено турбулентна и променлива од многу аспекти, а може да се случи во втората половина од годината да се повторат некои работи што веќе се случиле или биле навестени на почетокот од годината. Тоа ќе ви помогне да ги осознаете вашите грешки и да им се посветите на недовршените работи.rnrnКраток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!rnrnЌе се соочите со моменти кога треба да покажете вистинска одлучност и да преземете одговорност за вашите постапки. Деловните проекти за кои сте мислеле дека се недостижни за вас, сега ќе се претворат во реалност. Можеби ќе започнете долгорочен креативен проект или ќе добиете пофалба и награда за трудот што досега останал незабележан.rnrnСо Сатурн во знакот на Водолија, целата година ќе бидете полни со идеи за како да го направите светот подобро место за живеење. Ќе научите да не ги пропуштате важните можности и да гледате на светот од логична перспектива. Тоа ќе ви помогне да се поврзете со другите и да најдете начин да го промените својот живот.rnrnРеволуционерниот Уран ќе биде придружуван од конзервативниот и стабилниот Бик кој ќе го забави неговото темпо, но бидејќи парите се главната експертиза на Бикот, ќе настапат мали промени во начинот на кој ќе управувате со вашите финансии. Побарајте долгорочна можност за раст со мал или никаков ризик што може да биде и надвор од доменот на она што го работите.rnrnЈупитер ќе помине во знакот на Овен и ќе ви даде храброст да ги надминете сите пречки што ви стојат на патот во втората половина од годината. Сепак, важно е да не правите нагли промени од јануари до почетокот на мај. До мај имате повеќе можности да работите на унапредување на вашите љубовни врски како и односите со пријателите и семејството отколку на вашите кариери. Во овој период ќе инвестирате љубов и енергија во работите што ги сакате, а ќе добиете многу повеќе од она што сте го очекувале.rnrnНајважните промени од астролошки аспект во 2022 година ќе настапат за време на конјукцијата на Јупитер со Нептун на 12 март, кога Јупитер ќе биде во секстил со Плутон на 3 мај, затемнувањето на Месечината на 16 мај и 8 ноември, затемнувањето на Сонцето на 30 јуни и 25 ноември и кога Јупитер ќе биде во секстил со Уран на 17 ноември.rnrnОткако го прочитавте краткиот годишен хороскоп за 2022 година, ви препорачуваме да прочитате и како ќе ви бидат наклонети ѕвездите овој декември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs