rn
Вага
rnВо следните неколку дена ќе размислувате за тоа како љубовта ви е недостижна. За некои од вас тоа ќе биде точно со оглед на моменталното отсуство на саканата личност. Ваквата ситуација ќе доведе и до зголемување на копнежот, но и засилување на чувството на осаменост. Во поглед на кариерата, ќе можете да се потпрете на претходните резултати, но имајте на ум дека морате да продолжите чекор напред доколку сакате професионален напредок.rnrn
rn
Скорпија
rnПодготвени сте да се борите докрај за саканата личност. Доколку, пак, сè уште барате сродна душа, бидете свесни дека само упорноста може да даде резултати. Од друга страна, ве очекуваат нови ангажмани и обврски на работното место, а доста активни ќе бидат и оние кои бараат работа.rn
Стрелец
rnВи претстои интересен љубовен период кој ќе трае целата недела. Пред вас се искуства кои ќе го збогатат вашиот приватен живот. Доколку не сте во врска, пак, ќе наидете на многу додворувачи. Што се однесува до работата, следните денови ќе ги поминете во планирање за новите проекти, а некои од вас ќе бидат на годишен одмор. Нови предизвици ги очекуваат оние кои ќе продолжат да работат. Доволно е да не се откажуваат од своите замисли и да не дозволат тоа да им влијае врз расположението.rn
Јарец
rnВашите љубовни соништа ќе бидат поинакви од реалноста, но и реалноста нема да биде лоша. Затоа, некои од вас ќе претпочитаат да го поминуваат времето гледајќи љубовни филмови. Ќе има и такви кои ќе го почувствуваат шармот на платонската љубовна врска. Во поглед на работата, време е да се позанимавате со незавршените обврски. Некои од нив ќе ви предизвикаат чувство на бес или гнев, но внимавајте да не донесете непромислени одлуки.rn
Водолија
rnВашите сомнежи ќе придонесат за вашата незаинтересираност во поглед на љубовта. Доколку сте во врска, ќе забележите дека сте се оддалечиле од партнерот и тоа без вистинска причина. Размислете зошто е тоа така. На работа ќе зрачите со посебна енергија и убедливост, а преку нив ќе влијаете и врз другите. Покажете што знаете и не се откажувајте додека не ја постигнете целта.rn
Риби
rnВашата самодоверба ќе биде голема, а енергијата со која ќе зрачите во текот на следните денови нема да остави никого рамнодушен. Во поглед на кариерата, имате идеја за работата што треба да се заврши па затоа ќе вложите голем напор за да ја реализирате. Во меѓувреме ќе почнете и со нови инцијативи кои можеби нема веднаш да ги дадат посакуваните резултати, но тие ќе ве насочат на вистинскиот пат.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци во мај ќе доживеат кармичка љубов.rnrnИзвор: atma.hr
