Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела!rnrn
rn
Овен
rnЌе наидете на моменти кога ќе се чувствувате исцрпено, па затоа подобро би било да се одморите, да ги наполните батериите пред да се втурнете во нови предизвици. Со други зборови, обратете му посебно внимание на вашето здравје – вашиот имунитет е ослабнат.rn
Бик
rnДали сметате дека премногу ѝ се посветувате на работата, а не сте платени доволно? Можеби треба одново да го разгледате договорот што го склучивте со работодавачот. Можете и силни сте, не го заборавајте тоа. Но, внимавајте својата негативна енергија да не ја пренесете и на семејството.rn
Близнаци
rnОва е недела кога треба да им простите на оние кои ве повредиле. Исто така, многу е важно да размислите зошто тоа ви се случило. Бидете искрени со себе и почнете да работите на менување на нештата што ве кочат во животот.rn
Рак
rnГрижете се за другите и секогаш имајте топол збор за сите околу вас. Ќе се чувствувате особено инспирирани оваа недела бидејќи ќе бидете подготвени да го решите секој проблем и да им помогнете на оние на кои им е потребна вашата помош. Ѕвездите ќе ја наградат оваа ваша несебичност. На крајот на неделата ве очекува прекрасно изненадување.rn
Лав
rnАстролозите ве советуваат оваа недела да се фокусирате повеќе на работата и комуникацијата со колегите, но обидете се и да не преземате премногу должности и задачи. Купете некој убав предмет за домот – тоа не само што ќе ве расположи, туку и ќе ви ја разбуди креативната енергија.rn
Девица
rnРазмислете во што верувате и што е она што вистински ви значи. Тоа може да бидат идеи и ставови. Дали овие идеи ве водат во животот или ви недостасува волја да се борите за она што ви е важно? Овие мисли можат да ви помогнат да ја смените вашата перспектива, но и да ги подобрите финансиите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
