Според астролозите, секоја фаза на Месечината има одредено значење и енергија, а од 9 до 23 ноември Месечината ќе биде во т.н. „опаѓачка фаза“. На 8-ми ноември имавме полна Месечина во Бик, а сега нејзината светлина почнува да се намалува како што се приближува до фазата на младата Месечина на 23 ноември. Што е пожелно да направите за себе во текот на оваа фаза на Месечината според астролозите?rnrn
rn
1. Креативна енергија
rnВо периодот кога Месечината се намалува ќе ви биде полесно да најдете инспирација. Ќе имате многу идеи, а особено ќе ве радуваат креативните работи, кои освен среќа, можат да ви донесат и подобра финансиска состојба. Фокусирајте се на уметност, декорација и осмислување нови чекори кон постигнување на целта. Креативноста ќе може и да ви ги ублажи стресните ситуации во наредните денови.rn
2. Купување
rnКога Месечината е во опаѓање, многу е полесно да добиете важни информации и да донесете добри одлуки особено кога станува збор за купување. Сепак, внимателно организирајте ги неопходните стратегии и не заборавајте дека кога имате добар план сè ќе се одвива без проблеми.rn
3. Грижа за себе и за сопственото здравје
rnОбидете се да се ослободите од моменталните стресови до крајот на ноември. Фокусирајте се на поздрава исхрана и умерена физичка активност. Слушајте ги сигналите што ги испраќа вашето тело и фокусирајте се на состојбата на вашиот ум. Поминувајте повеќе време во природа, а прошетката низ блискиот парк или шума нека ви биде еден вид медитација.rn
4. Завршете го она што сте го започнале
rnНе одложувајте ништо сега и обидете се да ги завршите сложените задачи и проектите кои долго време ги остававте настрана. Колку повеќе се приближува периодот на младата Месечина толку ќе ви биде потешко да се фокусирате на задачите. Затоа искористете го времето од 9 до 18 ноември за да се ослободите од сè што е старо и да направите простор во вашиот живот за новите работи.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае Месечината во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта во ноември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
