КАФЕ ПАУЗА

Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!

Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!

rn

Вага

rnПроблемите во вашата љубовна врска ќе станат најинтензивни токму во октомври. Затоа, ќе морате да си го поставите прашањето дали ви е потребна оваа врска и што очекувате од неа. Доколку се одлучите да раскинете, сепак, добро размислете пред да го направите овој потег од кој нема враќање. Ако, пак, сакате да започнете нова врска, дефинирајте ја целта на вашиот однос уште од самиот почеток.rnrnМесечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!rn

Скорпија

rnВо поглед на љубовниот живот во октомври ве очекува бурна и страсна авантура. Речиси сите ваши желби ќе бидат исполнети, а во сето тоа важна улога ќе има вашиот партнер. Покажете му на партнерот колку ви значи сето она што го прави за вас. Доколку сте слободни, внимавајте на оние кои сакаат да заземат важно место во вашиот живот.rn

Стрелец

rnОктомври нема да ви донесе позитивни промени, а проблемите кои настанале во септември ќе продолжат да ве мачат. Стрелците родени во декември ќе имаат особено предизвикувачки денови, па така можни се конфликти со партнерот. И оние кои не се во врска нема да имаат можност да го подобрат својот живот, па затоа астролозите им препорачуваат да се опуштат и да му се посветат на личниот развој.rn

Јарец

rnДоколку не успеавте да ја пронајдете својата сродна душа во минатото, нема да можете да ја пронајдете ниту овој месец. Но, само оние кои знаат да чекаат можат да ја постигнат својата цел, па затоа бидете трпеливи. Доколку, пак, сте во врска, ве очекуваат мали недоразбирања и несогласувања кои ќе ги решите со разговор.rn

Водолија

rnЌе бидете во прилично нестабилна ситуација бидејќи можно е да настапи конфликт со саканата личност. Тоа ќе придонесе и за појава на недоразбирања и тензии, но не треба да се расправате за тоа кој е виновен туку да се обидете заеднички да најдете решение. Многу е важно да научите да го слушате партнерот кога тој сака да ви каже нешто, особено доколку се работи за конфликтна ситуација.rn

Риби

rnНема да бидете лишени од вниманието на спротивниот пол, па ќе имате можност да бирате меѓу повеќе опции. Доколку претходно сте биле разочарани во љубовта сега ве очекува нова личност која ќе биде полна со љубов и разбирање за вас. Доволно е да наведете уште од самиот почеток на врската што е она што го сакате и го очекувате.rnrnОткако го прочитавте љубовниот хороскоп за октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа оваа есен.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs