КАФЕ ПАУЗА

Лавот ја задржува суетата, а Девицата се жали до крај: Хороскопот открива какви ќе бидете во вашата старост

rnrn3-lavot-e-izbuvliv-do-smrt-devicata-se-zhali-do-kraj-horoskopot-otkriva-kakvi-kje-bidete-vo-vashata-starost-www.kafepauza.mk_rn

Вага

rnВо овој знак се родени големи шармери. Весели се и насмеани, дружељубиви и водат сметка за својот изглед. Најчесто се во центарот на вниманието во своето опкружување. Но, при донесување какви било одлуки, тие се многу неодлучни. Бракот им е нешто најважно, бидејќи тие на животот гледаат како на нешто што треба да се живее во пар. Љубовта и искреноста се нивни ритуали.rnrnВо староста ќе бидат исполнети и среќни ако се заедно со својот партнер. Ако останат сами, ќе се чувствуваат осамено и ќе се обидуваат да ја пронајдат својата подобра половина.rn

Скорпија

rnОд најраните денови сакаат да провоцираат, да ги рушат табута и како емотивно незрели личности, да предизвикуваат расправии. Уште во најраното детство е потребно да ги насочувате и да ги набљудувате. Кога ќе се одлучат да запловат во брачните води, тоа го прават доста сериозно и промислено. Доследни се и не толерираат површност и мрзеливост. Сексот им е важен и се обидуваат да го развијат уште повеќе низ врската или бракот. Склони се кон авантури.rnrnИ во староста се активни, особено доколку се задоволни со постигнувањата во активната доба од животот. Отсекогаш имале склоности кон спортските активности, па и во оваа животна доба ќе бидат активни во таа сфера. Ако се сами ќе се посветат на проучувањето на сето она што е скриено, окултно, а особено ќе се занимаваат за темата смрт.rn

Стрелец

rnСтрелецот уште од дете е весел. Со нив нема големи грижи, сѐ тече изедначено и постепено и уживаат во ведрата страна од животот. Склони се кон слатките и дебелеењето, па затоа треба да водат сметка на таа тема. Кога стапуваат во брак тоа го прават спонтано и галантно. Умерени се и урамнотежени, па сите со задоволство ги прифаќаат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и им помага да ги надвладеат тешкотиите.rnrnВо староста со задоволство ќе ја пренесат својата мудрост и животните искуства. И тогаш нема да ја напуштат смислата за хумор и склоноста за позитивно гледање на животот.rnrn2-lavot-e-izbuvliv-do-smrt-devicata-se-zhali-do-kraj-horoskopot-otkriva-kakvi-kje-bidete-vo-vashata-starost-www.kafepauza.mk_rn

Јарец

rnЛичностите родени во овој знак во младоста се однесуваат посериозно за своите години, по малку крути и ладни. Зад сето тоа се крие чувствителност, ранливост, амбициозност. Затоа сѐ внимателно се подготвува, се организира, додека тие се однесуваат зрело и контролирано. Обично се во одбранбен став, а во училиште се паметни ученици. Во бракот стапуваат промислено. Влегуваат во заедница со срцето.rnrnДури во староста овие личности започнуваат да се опуштаат и да стануваат повесели со изразито позитивен став кон сѐ. За Јарците се вели: „Во младоста старец, во староста младич.“rn

Водолија

rnВо младоста се истакнуваат во својата околина по некој специфичен талент. Се истакнуваат и по секакви лудории и затоа е потребно да ги контрирате и правилно да ги насочувате. Понекогаш во брак стапуваат нагло и на сосема неконвенционален начин или пак, живеат како испосници одржувајќи некои испрекинати врски.rnrnВо староста се препуштаат на своите желби и склоности за кои немале време да им се посветат во активниот дел од животот. За нив не е чудно дури и во своите 80-ти години да положат возачки испит, да учат или да се посветат на некоја спортска активност.rn

Риби

rnВо младоста се деца склони кон сонување кои повремено треба да се „спуштат на земја“. Честопати се успешни и признати во уметничките води. И во бракот се склони за идеализација на партнерот. Навистина уживаат во складен брак.rnrnВо староста конечно се препуштаат на своите склоности и креативност или едноставно денгубат. Понекогаш тоа денгубење трае предолго и треба да го насочат вниманието во некоја корисна насока. Понекогаш од досада и самите смислуваат некои интриги.rnrnА кога ќе започне процесот на стареење, погледнете како вашиот хороскопски знак се справува со староста.