КАФЕ ПАУЗА

Краток месечен хороскоп за април 2018

Месечен хороскоп за април 2018-та

Со сонцето во моќниот Овен, ова е месец на иницирање, делување и нови почетоци. Погледнете што ве очекува во април оваа година според вашиот хороскопски знак.rnrnМесечен хороскоп за април 2018-таrn

Овен

rnОва е ваш месец, па искористете го за себе и за откривање на местата кај што грешите. 15-ти ќе биде одличен ден за да се откажете од нешто што повеќе ви штети отколку што ви користи и да направите простор за значајни врски и идеи.rn

Бик

rnОбично не прифаќате туѓа помош, но време е да се ослободите од некои работи. Дозволете му на колегата да ви помогне со работата, дозволете му на партнерот да ве задоволи без да се чувствувате должни. Прифатете ја добрината на другите.rn

Близнаци

rnВе очекува голема промена, но големите промени ретко се случуваат без ничија помош. Искористете го овој месец за да ги подобрите социјалните врски. До полната месечина на 29-ти ќе бидете способни да го прифатите новиот предизвик, без разлика дали е ново работно место или ослободување од некоја токсична врска.rn

Рак

rnИако секогаш ви е поудобно во друштво на саканите, време е да ја искористите младата месечина на 15-ти. Потребно е да се изборите сами, без разлика дали тоа е некој говор или одмор со децата без партнерот.rn

Лав

rnВо последно време животот ви е монотон. Но овој месец е совршен за спонтаност. На 15-ти насочете ја вашата енергија кон нешто возбудливо. Ѕвездите се на ваша страна и ќе ви помогнат да го добиете она што го сакате.rn

Девица

rnОвој месец не плашете се да го покажете вашиот внатрешен ѕвер. Со други зборови, престанете да се срамите кога знаете дека сте во право. Зборувањето за работите кои ви се важни е клучно за возбудливи и нови можности во мај.rn

Вага

rnОва е месец кога треба да инвестирате во себе. Универзумот ви дава сигнал дека сега е време да преземете нешто. Важна е и комуникацијата со партнерот бидејќи парите често се причина за расправија со вас.rn

Скорпија

rnВреме е да обрнете внимание на романтичните врски. Комуникацијата нека биде приоритет во вашата врска и бидете му благодарни на партнерот за малите нешта кои ги прави за вас. Ова ќе ви помогне да излезете од вашата удобна зона на крајот од месецот.rn

Стрелец

rnВреме е да ја покажете вашата забавна страна. Испланирајте нешто возбудливо за 15-ти како патување со децата или танцување со партнерот. Ова е одличен месец за вашите креативни и професионални идеи.rn

Јарец

rnСега е време да откриете каде вашата неспособност за простување ви ја троши енергијата. Простете им на саканите. Ако премногу размислувате за некоја непријатна ситуација, прифатете ја и продолжете понатаму.rn

Водолија

rnНема потреба да бидете маченик за да направите позитивна разлика. 17-ти ќе биде одличен ден за да ја нахраните вашата душа. Насмевнете му се на некој странец кој изгледа несреќно или пак кажете го вашето мислење за тема којашто ви е важна.rn

Риби

rnИако обично не сте загрижени за безбедноста, време е да размислете за предупредувањата во вашите врски. Размислете како се однесува новиот партнер кон вас. Дали можеби најдобриот пријател почнува да ве избегнува? Со полната месечина на 29-ти, подготвени сте за сериозен разговор.rnrnПогледнете и за кои знаци април ќе биде најдобриот месец од годинава.