Кој ужива, а кој постојано се жали? Хороскопските знаци и летните горештини

Сподели

Некои хороскопски знаци ги обожаваат летото и сонцето, а некои од летните радости со задоволство би побегнале на студениот Северен пол. Проверете како секој хороскопски знак ги поднесува летните горештини.

Реклама

rn

Овен

rnАко навреме не побегнат од сонцето, најпрво ќе „експлодира“ нивното трпение, а ако во нивната близина нема клима уред или вентилатор, тогаш најдобро е да ги оставите на мир додека жештината не се ублажи.rn

Бик

rnБиковите се вистински хедонисти и нема да дозволат жешкото лето да им стои на патот до уживањето. Можете да ги пронајдете во дебела сенка или во соба со клима уред како лежат на каучот пиејќи ја омилената ладна напивка пред телевизорот.rn

Близнаци

rnНе ги поднесуваат најдобро големите летни горештини. Никако не им се излегува во текот на денот, па ќе ги повикаат пријателите кај себе, но затоа пак вечерните часови и спуштањето на температурите ќе ги искористат за одење на некоја забава.

rn

Рак

rnСензибилниот Рак тешко се прилагодува на високите температури заради кои станува раздразлив и нерасположен. Без разлика дали се наоѓа на море, езеро или покрај река, важно му е само да биде со семејството или најдобрите пријатели.rn

Лав

rnСамоуверените Лавови добро ги поднесуваат горештините. Летото за Лавовите е добра прилика да го соблечат вишокот облека и да ги покажат своите атрибути со кои и тоа како се гордеат.rn

Девица

rnВо текот на летото Девиците најчесто ќе ги видите некаде во сенка, скриени под големиот шешир кој ги штити од сончевите зраци. Во тој момент најверојатно на себе ќе нанесуваат крема за сончање со фактор 50. Сончањето за нив е губење време и голема закана за нивното здравје.

rn

Вага

rnВагата ниту самата не може да одлучи дали го сака летото или не. Во еден момент ќе се жали на високите температури, а потоа воодушевено ќе признае дека летото е нејзиното омилено годишно време.rn

Скорпија

rnСкорпијата не сака директно сонце, но затоа ги сака летните ноќи кои издишуваат со сензуалност и таинственост. По природа Скорпиите се доста страсни, па за нив летото често е прилика за некоја авантура.rn

Стрелец

rnЕдно е сигурно – Стрелецот нема премногу да се жали на горештините, дури и кога му пречат. Обожава да патува, па ќе ја пронајде идеалната дестинација во која на мир ќе се разлади.

rn

Јарец

rnСе обидува да ги реши високите температури со темелно разладување. Кај него клима уредот е вклучен 24 часа на ден, а за секој случај работи и вентилаторот. Проблем се создава само кога ќе му пристигне сметката за струја.rn

Водолија

rnЌе даде сѐ од себе за да им покаже на останатите зошто летото е најдоброто годишно време. На Водолиите летото им е идеална прилика за целосно уживање на отворено со пријателите. Море, базени, водени паркови… Водолијата е расположена за сѐ.rn

Риби

rnНежните Риби не ги поднесуваат добро жешките денови. Целото лето со задоволство би го поминале затворени дома додека не поминат тропските бранови и конечно да пристигне есента.

Кога сме кај летото и летните авантури, погледнете каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак.

Популарно

Може ќе ве интересира